Powered By Blogger

3. 4. 2014.

Пелистер го префрла притисокот врз Ренова пред неделниот меч


ПРВОТО ОД ОСУМТЕ ФИНАЛИЊА ПЕЛИСТЕР БЕЗ ПРЕСИЈА ГО ПОДГОТВУВА ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕТО ВО ТЕТОВО
Во мир и голема концентрација фудбалерите на Пелистер ја подготвуваат првата од осумте средби, кои ќе му ја одредат судбината во националниот шампионат. Од сите тетовски ривали против Ренова битолчани имаат најмногу позитивни резултати под Шара, но и најмногу порази под Тумбе кафе.
Затоа неделниот меч зелените го гледаат како прво големо финале во обидот да се зацврстат на врвот. Во тимот се враќа Владица Брдаровски, но заради повреда нема да настапи Илир Елмазовски, кој на мечот со Гостивар по еден старт врз него, се пожали на повреда на скочниот зглоб. Неговата замена нема да бидео позната се до самиот ден на средбата, бидејќи на оваа позиција по карактеристиките сличен играч како Елмазовски е младиот Јове Трајкоски, но со свои шанси да настапат во средниот ред по десната страна се и Ристевски, Анастасов и Љубенов. Капитенот Горан Пашовски е умерен оптимист пред тешкиот меч: „Мечот е од големо значење за двете екипи, а Ренова со која последен пат игравме во Битола ми остави многу силен впечаток. Не треба да не залажуваат пролетните променливи резултати. Ние секогаш сме имале проблеми кога сме играле со нив. Не треба да си го наметнуваме притисокот, па и за домаќините бодовите се од исклучителна важност. Тие се тие кои не смеат да си дозволат грешка на домашен терен„ ни рече искусниот чувар на мрежата на битолчани. Во првиот дел од шампионатот во 2 коло, Пелистер славеше со 1:2 во Тетово, но подоцна „гипсарите„ се реваншираа со победата од 0:4 во Битола во 13 коло.

Пелистерци од сабота в карантин во Кичево

По обичај оваа сезона скоро на секое гостување Пелистер му пристапува со карантин, па така ќе биде и овој пат. Од сабота попладне избраниците на Драган Бочевски патуваат за Кичево каде во спокој ќе го подготват мечот со Ренова. Наредниот ден ќе допатуваат на градскиот стадион во Тетово, каде не загубиле оваа сезона. Кога последен пат играа во Тетово против Шкендија, беа во карантин во самиот град, а сега бараат изолација во Кичево.

Нема коментара:

Постави коментар