Powered By Blogger

23. 4. 2014.

Петрески сменет, Николовски нов тренер на Пелистер

ИМЕНУВАН ЧЕТВРТ ТРЕНЕР НА КЛУПАТА НА ПЕЛИСТЕР ОВАА СЕЗОНА
Сосема неочекувано Томче Петрески од денес не е повеќе тренер на Пелистер. Младиот прилепски стручњак само 7 меча ја водеше екипата и во нив забележа 5 победи и 2 порази. Посебно тежок беше оној во Струмица од Зомимак М од 9 гола разлика.
Но главната причина не се лошите резултати, туку лошата комуникација и недоразбирањата со клубската управа. Неговиот помошник Игор Николовски ќе ја води екипата до крајот на сезоната, а тимот му е добро познат, бидејќи беше помошник тренер од самиот почеток на сезоната. Николовски ќе биде четврт тренер на битолчани во текот на сезоната по Поповски, Костадиновски и Петрески. Ќе дебитира на мечот од Купот в сабота во Битола против Прилеп. Во плеј-офот ќе ја води екипата на преостанатите седум натпревари и ќе се обиде да го врати Пелистер во ракометна Европа по едногодишна пауза. 

Нема коментара:

Постави коментар