Powered By Blogger

6. 4. 2014.

Тетовската драма за Ренова

НЕВЕРОЈАТЕН РАСПЛЕТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 5 МИНУТИ И БОДОВИ ЗА „ГИПСАРИТЕ„ ПРОТИВ ЛИДЕРОТ
Ренова - Пелистер 2:1 (0:0)

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 800
Главен судија: Горан Спиркоски
Асистенти: Зоран Костоски и Марјан Смилкоски (сите од Прилеп)
Делегат: Гоце Шопоски (Струга)
Стрелци: Реџепи во 65 и Асани во 89 минута за Ренова, а Воденичаров во 79 минута за Пелистер
Жолти картони: Таири, Рамадани, Асани (Ренова), Љубенов, Ковачев, Драгарски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Ренова:
Aдилим Незити, Мемеди, Муслиу, Садики (од 87м. Асани), Реџепи (од 68м. Нухиу), Идризи, Мишковски, Фетаи (од 59м. Рамадани), Скендери, Таири

Пелистер:
Пашовски, Брдаровски, Драгарски, Ковачев, Миленковски, Христов, Мојсов Анастасов (од 73м. Марковски), Љамчевски (од 66м. Мустафов), Љубенов, Воденичаров

Домаќините без Изаир Емини и Гафури, а гостите без Илир Елмазовски силно мотивирани му пријдоа на меѓусебното надигрување на градскиот стадион во Тетово. Првата закана беше одличниот соло продор на Скендери во 8 минута, но неговиот удар од левата страна заврши за малку крај стативата. По срамежливиот почеток, Пелистер воспостави рамнотежа и од 10 минута неколку пати лесно стигна до казнениот простор на Адили. Во 19 минута по грешката на комплетната битолска одбрана, Николај Христов со лизгачки старт едвај стигна пред Фетаи и спречи голема опасност. Минута подоцна најнискиот на теренот, Фетаи со глава имаше нова шанса, но биеше лошо и пак надвор од рамката на голот. По третиот корнер на „гипсарите„ Мишковски највисоко скокна и биеше со глава, но над голот. Во 26 минута по една долга и изработен акција, Реџепи биеше по земја од работ на казнениот простор, но Пашовски одби и опасноста брзо беше расчистена. Минута подоцна за малку Љамчевски и Воденичаров не профитираа од недоразбирањето на домашната одбрана и голманот Адили. Играта спласна, се играшем многу почесто на средината на теренот, а шансите беа се поретки. Анастасов се обиде од преку 30 метри, но неговиот удар заврши високо над голот. Домаќините подобро почнаа, а гостите подобро завршија во претпазливото прво полувреме. 
            Вториот дел започна со шансата на Идризи и неговиот удар од 16-17 метри со левата нога, но топката заврши крај голот. Во 60 минута соиграчите не го искористија слаломот на Скендери по десната страна и неконкретноста на „гипсарите„ беше повеќе од евидентна. За малку пелистерци тоа не го казнија по контранападот на Љамчевски, кој не искористи ситуација четири на два. Се играше 65 минута кога Скендери упати остар центаршут по десната страна, на втора статива Реџепи стигна пред Брдаровски и ја смести топката во небранетата мрежа. Ренова поведе и ја резултираше блгата и неконкретна надмоќ со заслужено водство. Реакцијата на Пелистер беше влегувањето на Мустафов и ударот на Николај Христов од голема далечина во 70 минута. Откако во игра влезе и Марковски, битолчани се обидоа со збркана иницијатива да се вратат во мечот. Откако не успеа Миленковски со центаршут во 78 минута, следеше третиот гостински корнер. Го изведе Љубенов, а како и во Кичево највисоко скокна Димитар Воденичаров и со глава ја „закова топката во мрежата на Ренова. Продолжување на пролетната серија на бугарскиот напаѓач. Ренова реагираше по корнерот на Таири и ударот со глава на Муслиу, но капитенот Пашовски без проблем одбрани. Првиот клучен момент се случи во 89 минута, кога Асани само што влезе во игра шутираше од 15-16 метри, топката погоди во еден од битолските дефанзивци и го измами Пашовски. Битолчани имаа малку време за враќање во мечот. Во последната минута од надополнувањето Воденичаров биеше фантастично од 17-18 метри, топката удри во пречката, заврши околу гол линијата, асистентот Костоски не реагираше и играта продолжи. Битолчани протестираа, но во вистинска драма пак последната минута беше среќна за Ренова, како и на мечот со Еуромилк. Втор пролетен пораз за Пелистер и прекин на успешната серија на четири кола без пораз.      

Ќатип Османи
(тренер на Ренова)

Го издржавме притисокот и славевме на многу значаен натпревар против силен противник. Честитки за моите фудбалери кои покажаа карактер и по втор пат оваа пролет постигнуваме голови во надополнувањето. Мислам дека победата на Ренова е заслужена.
                    
Драган Бочевски
(тренер на Пелистер)

Честитки за фудбалерите на двете екипи за борбениот натпревар. Мислам дека нерешениот резултат беше најреален, но немавме среќа и против себе имавме катастрофално судење. Помошникот судија во вториот дел не ни дозволи да го минене центарот, а во последната минута поништен ни е и чист гол. Мислам дека и тоа како сме оштетени на овој натпревар.

Нема коментара:

Постави коментар