15.04.2014.

Металург стои на патот до полуфиналето за пелистерци

ИЗВЛЕЧЕНИ ДВОЈКИТЕ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛНИТЕ ГРУПИ ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
Завршниот турнир на Купот на Македонија во ракомет станува невозможна мисија за пелистерци. Ракометарите Томче Петрески немаа среќа и во денешната ждрепка за четвртфиналните групи за Купот на Македонија се најдоа во група со актуелниот освојувач Металург.
Во првата група, чиј домаќин е Вардар, ќе настапат и екипите на Металург Јуниор и Охрид. Прво меѓу себе ќе играат Вардар и Охрид, а победникот ќе се сретне со вториот тим на Металург. Во втората група, фаворит е Пролет, кој во полуфиналето ќе игра со Работнички, а другата двојка ја сочинуваат Битола и Куманово. Во третата група се Зомимак не би требало да има проблеми на дуелот со Преспа, додека вториот меч е Младост - Радовиш. Во четвртата група домаќин е Металург, а ќе настапат и Јехона, Пелистер и Прилеп. Полуфиналните двојки се Металург – Јехона и Пелистер- Прилеп. Натпреварите ќе се одиграат на 26 и на 27 април, а победниците од сите четири групи ќе обезбедат учество на фајналфорот, кој ќе се одржи во Охрид на 17 и 18 мај.

Нема коментара:

Постави коментар