17.04.2014.

Пелистер се намачи, но го совлада Пролет

ВТОРА ПОБЕДА ВО ПЛЕЈ-ОФОТ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР НА ТОМЕ ПЕТРЕСКИ
Пелистер - Пролет 28:23 (11:10)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 1000
Судии: Сашко Кркачев и Ѓоко Колевски (Скопје)
Делегат: Марјан Начевски (Скопје)

Пелистер:
Нкунгуа (13 одбрани), Божиновски, Вакаруз, Јуравлиов 3, Георгиевски, Кузмановски, Дрогришки 6, Бесараб 3, Чурлевски 2, Ракочевиќ, Вешовски 1, Блажевски 9, Димитровски, Јанев 2, Филиќ 1, Илиевски 1
Седмерци: 2/0
Исклучувања: 12 минути

Пролет:
Грчевски (1 одбрана), Цветковски (15 одбрани), Ристевски, Димовски 1, Мајнов 1, Апостоловски 1, Ролевски 3, Јовановски, Коруновски, Петковски 3, Андоновски 4, Спасовски, Стефанов 5, Петрушевски 5, Трајковски, Стојановски
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути


Потешко од предвиденото, ракометарите на Пелистер ја забележаа втората плеј-оф победа против жилавиот и млад тим на Пролет. Домаќините подобро го отворија мечот и по 4-5 одбрани на Крис Нкунгуа, Бесараб погоди два пати низ транзиција за 5:2 во 7 минута. Тогаш гостинскиот тренер Темелковски побара минута одмор. Гостинските жолто-зелени се вратија во ритам, голманот Цветковски одбрани неколку топки и Тинекс Пролет со серија од 4:0, прв пат поведе. Капитенот Стефанов и Ролевски беа иницијатори на пресвртот. Двете екипи играа брзоплето, многу се грешеше и со 8:8 се влезе во последните 5 минути од првиот дел. Со три последователни голови на струшкото крило Бобан Блажевски, момците на Томе Петрески на полувреме заминаа со минимални 11:10. Како што заврши првиот дел, така почна и вториот. Блажевски реализира уште три контранапади за +3 на битолчани во 39 минута. Покрај брзото крило и младинскиот репрезентативец Стефан Дрогришки погоди три пати во серија, и тоа со ракометар повеќе, за домаќините да ги задржат најчестите 2-3 разлика. Мечот стана нервозен, многу се грешеше и порасна и бројот на исклучувања. Димовски во 53 минута намали на -2, но брзо вратија битолчани преку Чурлевски и Блажевски и со 24:20 се влезе во последните 5 минути. Истите актери Филип Чурлевски и Бобан Блажевски, но и мотивираниот Стефан Дрогришки со серија 4:1 ја разрешија неизвесноста со уште три гола за дефинитивно одлепување. Заслужена победа, но не без многу труд на битолчани против солидниот Пролет.  

Нема коментара:

Постави коментар