Powered By Blogger

2. 4. 2014.

Спирковски ќе им суди на зелените со „гипсарите„

ДЕЛЕГИРАН СУДИЈАТА ЗА ТЕШКОТО ГОСТУВАЊЕ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ТЕТОВО ПРОТИВ РЕНОВА
Прилепскиот судија Горан Спиркоски е делегиран да ја дели правдата на мечот од 26 коло на Првата фудбалска лига помеѓу Ренова и Пелистер, кој заради директниот пренос на националната телевизија ќе се игра в недела на 6 април во 15, а не во 16 часот како сите неделник натпревари.
На искусниот Спиркоски ќе му помагаат Зоран Костоски и Марјан Смилкоски. Четврт судија ќе биде Жарко Димески. Делегат на ФФМ ќе биде Гоце Шопоски од Струга, а контролор Марјан Ристески од Кичево. Последен пат Спиркоски точно пред еден месец на Пелистер му судеше против Работнички во Скопје, каде зелените загубија со 4:0, а беше главен судија и минатата сезона во последната победа на пелистерци на националната арена во Скопје против Вардар (0:1). На последниот првенствен меч во Битола помеѓу Пелистер и Гостивар во неделата, кога правдата ја делеше Дејан Јакимовски, Спиркоски беше четврт судија.  

Нема коментара:

Постави коментар