29.04.2014.

В сабота со Металург Ј. првакот в понеделник доаѓа во Битола


ПОЗНАТИ ТЕРМИНИТЕ ЗА НАРЕДНИТЕ ДВА НАТПРЕВАРИ НА ПЕЛИСТЕР ВО ПЛЕЈ-ОФОТ
Настапите на Вардар и Металург во Лигата на шампионите го измешаа календарот за плеј-офот на ВИП Супер лигата и синоќа стигна потврда за наредните два натпревари на битолски Пелистер.
Најнапред в сабота од 14 часот во „Автокоманда„ избраниците на Игор Николовски му гостуваат на Металург Јуниор, а в понеделник во 17:30 часот и пред камерите на МТВ, играат во спортската сала „Младост„ против актуелниот шампион Вардар на Раул Гонзалез. Битолчани подоцна ќе ги дознаат и термините за двата заостанати натпревари со Металург. Еден од нив во 5 коло од плеј-офот и еден од четвртфиналето на Купот на Македонија. Двата меча ќе се играат во Скопје.

Нема коментара:

Постави коментар