Powered By Blogger

13. 4. 2014.

Само баражот го дели Мултитекс од Првата лига

ВТОРО МЕСТО ВО РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА И МЕСТО ВО ПЛЕЈ-ОФОТ ЗА ПРОМОЦИЈА Е ТОА ШТО ГО ОБЕЗБЕДИЈА БИТОЛСКИТЕ ПИНГ-ПОНГАРИ
ППК Мултитекс ТБТ вчера го одигра последниот натпревар од сезоната 2013/14 во рамките на Втората Пингпонгарска лига на Македонија. Битолчани извојуваа многу значајна победа против тимот на ППК Дебар Маало од Скопје. Домаќините добро го отворија натпреварот и имаа водство од 2:0 и 3:1.
Пресвртот го најави Александар Петковски, кој имаше три победи. Петковски во неговиот трет меч спаси и меч топка при водство од 2:1 за противникот, за потоа да го изедначи резултатот на 2:2 и потоа рутинирано да го одигра мечот и да победи со 3:2. Другите двајца играчи од тимот на Мултитекс, БорчеТалевски Борче и Христијан Јовановски со по еднa победа придонесоа за конечен триумф. Со оваа победа ППК Мултитекс ТБТ се пласира на второто место во лигата, со што обезбеди бараж натпревар за пласман во првата лига. Сега ни останува да го чекаме крајот на првенството во Првата Пингпонгарска лига и да го дознаеме противник во баражот. Бараж натпреварот ќе се одигра на неутрален терен на датум што ќе го одреди Пингпонгарската федерација на Македонија.

Нема коментара:

Постави коментар