Powered By Blogger

23. 4. 2014.

Адутот на Пелистер е императивот и притисокот врз Вардар

ПЕТ ФИНАЛИЊА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА, ПЕЛИСТЕР ГО ПРЕФРЛА ПРИТИСОКОТ КАЈ ЛУТИОТ РИВАЛ
Денес по утринскиот тренинг, фудбалерите на Пелистер и стручниот штаб заминуваат во Скопје каде во карантин ќе го подготвуваат најважното „вечно дерби„ веројатно во историјата. Двете екипи играле многу значајни натпревари, играле и едно финале на Купот, но никогаш заеднички не се бореле за титулата, овој пат во друштво на уште три екипи, па исходот од утрешниот меч може да биде одлучувачки.
На последните две гостувања на националната арена „Филип втори„ кога зелените играа со Вардар извлекоа два позитивни резултати. Минатата сезона славеа со 0:1 со голот на Елмазовски, а на почетокот на март оваа година догло време водеа во првиот дел со голот на Љамчевски, пред Илчо Наумоски од пенал да израмни (1:1). Токму последниот стрелец за зелените во „вечното дерби„ Петар Љамчевски е оптимист пред мечот кој Пелистер може да го вивне или да го приземји во пресрет на последните 4 кола. „Мислам дека овој меч доаѓа во вистински момент. Со победата над Еуромилк го вративме спокојот во соблекувалната. Верувам дека Вардар кој ќе ни спротистави нема да биде истиот од претходниот меч пред два месеци или од неделата против Металург. Тие имаат неспорен квалитет, а и на домашен терен ќе чувствуваат дополнителен притисок дека мора да победат. Се надевам дека ќе бидеме мирни, ќе влеземе во мечот со ладни глави и како и на претходната средба во Скопје, ќе покажеме амбиција да ги освоиме бодовите. Двете екипи се многу израмнети и детали ќе одлучуваат„ ни рече поливалентниот фудбалер, кој од Металург се врати во Пелистер на почетокот на тековниот шампионат. Дилеми кај Бочевски има само во средниот ред, бидејќи во одбраната и нападот солуциите му се лимитирани. Нема да настапат Љубенов и Марковски, а во тимот се враќаат Ковачев и Мојсов. Предвидено е голема група на „Чкембари„ да го бодри Пелистер во обид да донесе бодови од главниот град.  

Нема коментара:

Постави коментар