БИТОЛЧАНИ И ПОКРАЈ СЕ ОПТИМИСТИ ПРЕД ДУЕЛОТ СО ВОДЕЧКИОТ
ХОРИОЗНТ ЗДРАВЈЕ ВО БИТОЛА
По
поразот во Кратово фудбалерите на Пелистер ја започнаа операцијата за враќање
на самодовербата и на „домашнот Пелистер„ оваа сезона пред гостувањето на
лидерот Хоризонт Здравје од Турново. Ако надвор од Битола зелените не освоиле
ниту бод, во Битола имаат 3 победи и 2 нерешени средби оваа сезона, како и две
победи во Купот.
Вчера зелените го совладаа третолигашот Работник со 6:0 во меч во кој за пелистерци настапија фудбалери кои имаат помала минутажа во првенствените средби. Со головите на Анастасов (два), Рутевски, Н. Марковски, Б. Марковски и Миленковски прволигашот забележа убедлив триумф. Во меѓувреме во тренажен процес се врати и Ристевски, кој и тоа како му недостига на екипата, но неизвесно е дали ќе бибе подготвен за дербито в недела.

Пелистер
оваа недела ќе работи психолошки на екипата, како повторно битолчани би го
виделе оној тим кој пред неполн месец ја прегази Ренова под Тумбе кафе.
Најискусниот Драган Димитровски верува во овој тим. „Имавме неколку лоши
мечеви, но се комплетираме и за мечот со Хоризонт Здравје ќе бидеме оној
вистински Пелистер. На некои натпревари заслуживме повеќе од финалниот
резултат, но не треба да се навраќаме на она што помина. Сега во мислите ни е
само лидерот и три бода. Останатото е во втор план„ заклучи најдобриот клубски
стрелец во историјата на шампионатите на Македонија.
Пелистер
има само еден домашен пораз од Хоризонт Здравје и најчесто излегувал како
победник на своето буниште. Но турновци никогаш не гостувале со посилен состав
и со прва позиција на табелата, а таков е случајот в недела. За прв пат против
својата бивша екипа ќе настапи Дејан Блажевски, кој беше еден од најдобрите
пелистерци во сезоната на најголемиот успех на Пелистер во последната деценија
и третото место во сезоната 2007/08.
Нема коментара:
Постави коментар