29.05.2014.

Крајова и Китановски се вратија во Првата романска лига

ЗГОЛЕМЕНА МАКЕДОНСКАТА КОЛОНИЈА ВО ПРВАТА РОМАНСКА ЛИГА
Бившиот фудбалер на Пелистер и младински репрезентативец Томе Китановски и неговата екипа Универзитатеа Крајова се врати во Првата романска лига, откако и по плеј-офот го задржа првото место на кое беше во текот на целиот шампионат.
Со победата против Таргу Муреш од 2:0, сино-белите ја потврдија разликата во квалитет и заслужено слават. Пред 10.000 гледачи во Крајова стрелци на головите во одлучувачката победа беа Варга од пенал во 25 и Иван во 73 минута. Китановски влезе во игра на местото на Ганеа во 66 минута. Со 33 бода после плеј-офот оваа славна романска екипа се враќа во највисокиот ранг на натпреварување, каде веќе играат неколку македонски интернационалци. 

Нема коментара:

Постави коментар