01.05.2014.

Пораз по пораз кон Втората лига за пелистерци

ДВА ПОРАЗИ ВО ТРИ ДЕНА ЗА ДЕФИНИТИВНО ИСПАЃАЊЕ ОД ЛИГАТА НА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР 
Пелистер - Фени Индустри 55:78 (12:16, 16:23, 12:22, 15:17)

Кошаркарите на Пелистер врзуваат дебакл по дебакл откако веќе е извесно дека нема да обезбедат опстанок и наредната сезона ќе играат во Втората лига. Неколку дена по убедливиот пораз од преку 50 разлика од екипата на Карпош Соколи, избраниците на Благој Печалов загубија со 23 разлика од кавадаречки Фени Индустри.
Во победничката екипа Бјелиќ постигна 18, Манев 15, а Марковски 13 поени. Во тимот на Пелистер Голубовиќ постигна 15, а Стефановски 14 поени. Најефикасниот стрелец во плеј-аутот, Миљан Радисављевиќ не настапи. Со 23 бода по 22 натпревари, Пелистер е последно пласиран во Првата лига и по трет пат во новиот милениум испаѓа од најсилната категорија во понизок ранг.    

Нема коментара:

Постави коментар