Powered By Blogger

28. 10. 2012.

Борбено реми во невозможни услови

По натопениот терен во Битола, Пелистер и Хоризонт Здравје одиграа извореден меч со поделба на пленот
Пелистер - Хоризонт Здравје 1:1 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 100
Главен судија: Никола Костенчев
Асистенти: Душко Милошевски и Тони Стојановски (сите од Скопје)
Делегат: Николче Здравески (Прилеп)
Стрелец: Лазаревски во 73 за Пелистер, а Блажевски во 58 минута за Хоризонт
Жолти картони: Т. Вељановски, Димитровски (Пелистер), а Митров, Василев, Мојсов (Хоризонт)
Црвен картони: Драгарски во 16 минута за Пелистер 

Поројниот дожд кој веќе два дена непрестајно паѓа во Битола, беше главен проблем за фудбалерите на Пелистер и Хоризонт. Во полурегуларни услови, со натопен терен и лоша контрола на топката, сепак мечот се одигра. Пелистерви против лидерот мораа без недоволно опоравениот капитен Димче Ристевски и без Лескароски, чија повреда воопшто не е наивна. Така Рутевски влета во првиот тим како организатор на играта. Домашниот тренер Михајлов го префрли Китановски на левата страна, а Елмазовски го зазеде неговото место како десен бек. Гостите без казнетиот напаѓач Петковски во Битола дојдоа да го чуваат лидерското место. Пелистерци добро и мотивирано го почнаа мечот и Китановски само по 2 минути го упати првиот удар кон Димовски,кој без ризик одби во поле. На првата стопостотна шанса се чекаше 10 минути. Александар Вељановски изби сам пред Димовски, но во одлучувачкиот момент биеше централно, па Димовски одбрани. Моментот кој го насочи продолжението од мечот се случи во 16 минута. Дејан Блажевски на 20 метри од голот на Пелистер беше соборен од Драгарски, а главниот судија Костенчев заради професионален прекршок на последен човек го исклучи домашниот дефанзивец. Домашниот стручен штаб ја трансформираше одбраната со тоа што Елмазовски влезе во средината, Китановски се префрли на десната страна, а Лазаревски се врати на лев бек. Од прекин и со човек помалку, битолчани беа блиску до водство во 22 минута. Рутевски од слободен удар биеше одлично во страната на голманот Димовски, но топката заврши сантиметри крај дирекот. И 7 минути подоцна битолчани беа блиску до водство. По иницијативата на Китановски, Александар Вељановски изби пред Димовски, кој стартуваше со две нозе, а по протестите на домашните фудбалери Костенчев не се огласи. Во продолжението на акцијата, по ударот на Китановски, гостинскиот дефанзивец Вареловски расчисти од само 2-3 метри пред гол линијата. Минута подоцна Балдовалиев го упати првиот удар на турновци во рамката на голот, но Коруновски беше буден на голот. Во 39 минута едноставно во два потези гостите дојдоа до најзрелата шанса. Мојсов го извади Балдовалиев сам пред Коруновски, но натопениот терен ја успори акцијата, па Лазаревски успеа да изблокира. Во 45 минута Магловски центрираше, топката го погоди во главата Петров и заврши во корнер. Дождот го зголеми интензитетот, па во комбинација со ветрот условите за игра беа неподносливи. Сепак првото полувреме беше солидно, со многу трчање, витештво но без гол.
            `Во првите две минути од вториот дел гостите два пати се заканија и два пати ја погодија рамката на голот. Најнапред Ташев го погоди десниот домашен дирек по гужвата пред Коруновски. По корнерот кој следеше Балдовалиев беше оставен сам на 5 метри и со глава ја погоди пречката од горната страна. Домаќините возвратија преку Димитровски, кој со своето најсилно оружје со ударот со глава се обиде во 49 минута, но беше за малку непрецизен. Но инерцијата на натпреварот ги донесе турновци се почесто пред Коруновски. Така по една одбиена топка на работ на казнениот простор, Дејан Блажевски „распали„ по земја и го совлада немоќниот Коруновски.Само минута подоцна Стојан Димовски од самата гол линија го извади шутот од дистанца на Рутевски. Домашната клупа го внесе Марко Павлов на местото на Александар Вељановски и Пелистер мораше да се трансформира по офанзивен тим со човек помалку. Во 65 минута извореден слалом на Дејан Блажевски, кој и по тешкиот терен мина неколку битолчани, но никој од неговите соиграчи не ја следеше акцијата. И кога турновци имаа целосна контрола на играта, Сашо Лазаревски мина по левата страна и помалку среќно по натопениот терен ја втурна топката зад грбот на Димовски од мртов агол. Темпото опадна по израмнувачкито гол, иако двете екипи многу се потрошија по тешкиот терен, амбицијата не изостана и кај едните и кај другите. По триминутното надополнување малку бројната публика со аплаузи ги награди актерите во мечот, а ги исвирка делителите на правдата на чија работа постојано протестираа од домашната клупа.       
           

Горазд Михајлов
(тренер на Пелистер)

            Одигравме одличен натпревар, во кој по тешкиот терен креиравме многу шанси. Во првите 15 минути имавме неколку шанси кои не ги реализиравме. По исклучувањето исто така направивме да не се почуствува разликата од човек помалку и имавме свои шанси и при 0:0 и при 0:1 за противникот. Сакам да им честитам на моите фудбалери за големата борбеност и уште еднаш да констатирам дека начинот на кој се делеше правдата не беше на висината на задачата. Имавме сериозни протести и за црвениот картон и генерално за критериумот на судиската четворка.  


Љупчо Димитковски
(тренер на Хоризонт Здравје)

            Двете екипи одиграа одличен натпревар и по овој натопен терен во кој условите беа на работ на регуларноста. Ние можеме да жалиме што не успеавме да ги реализираме нашите шанси при 0:1. Бевме казнети што не успеавме да го зголемиме водството. Коректен натпревар на две добри екипи, кои денес се надминаа себеси по тешкиот терен.


Пелистер жестоко протестира против арбитражата

            По реакцијата заради арбитражата на Јосип Бартон на „вечното дерби„ управата на ФК Пелистер најавува официјален протест и против делителите на правдата на мечот со Хоризонт Здравје. Целиот критериум на Костенчев не им се допадна на пелистерци, а „чашата ја прели„ спорното исклучување на младинскиот репрезентативец Христијан  Драгрски во 16 минута. По црвниот картон на Елмазовски со Шкендија, на Драгарски со Металург и на А. Вељановски со Вардар ова е четврт црвен картон за Пелистер во тековната сезона. 

Нема коментара:

Постави коментар