Ако Битола во
Струмица немаше што да бара со Зомимак М, тогаш домашниот пораз на Пелистер од
Металург Јуниор е прворазредно изненадување
РК Пелистер 08 - РК Металург Јуниор 22:24 (11:13)
Спортска сала
„Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.
Делегат: Стеванчо Коруновски од Скопје.
Пелистер:
Тоскоски,
Божиновски, Костовски 4, Ангелковски, Ордев 3 , Стојановски, Јосифовски, В.
Димитровски 2, Чурлевски 9, Митевски, Вешовски 2, Дрогришки 1, К. Митревски ,
Петровски, Мемиќ 1
Исклучувања: 6 минути
Седмерци: 2/1
РК Металург Јуниор:
Ивановски (12 одбрани), Даниловски (5 одбрани), Бошковски,
Пешевски 2, Нелоски 4, И.Крстевски 3, Манасков 8, Матијашиќ, Маркудов,
Палевски, Талески, Бој.Маџовски 2, Давитковски, Стојановски, Г.Крстевски 5 и
Борј.Маџовски.
Седмерци: 6/6.
Исклучувања: 6 минути.
Металург Јуниор се врати од Битола со “крупен“ плен.
Совладана е фаворизираната екипа на Пелистер со резултат 24:22 (13:11). Според
водството на гостинската
екипа победи скопската добра
одбрана на чело со голманот Ивановски, кој собра 12 одбрани. Металург Јуниор во
поголемиот дел од средбата ја имаше контролата врз резултатот и сосема
заслужено ги однесе бодовите од “жешкиот“ терен во Битола. На почетокот Пелистер одржуваше минимално
водство се до 5:4, а потоа Јуниор ја презеде играта, поведе со 5:6 и до крајот
на првиот дел водеше жестока борба за секој гол. Првото полувреме го добија гостите од Скопје со 13:11. Во второто полувреме Металург Јуниор постојано имаше мала
предност. Меѓутоа домашните ракометари не се предаваа и при крај на натпреварот
имаа и минимално водство од 22:21. Сепак, со серија од 3:0, младите ракометари на Металург Ј. дојдоа до вредна победа и нови суперлигашки
бодови. Мартин Манасков се истакна со
своите 8 постигнати голови.
''Рисовите" по втор пат ја совладаа Битола
Зомимак М - Битола 36:32(19:11)
Во еден неинтересен натпревар струмичани рутинирано го
освоија 3 бода.
Уште од самиот почеток
ракометарите на Зомимак М
почнаа да го полнат голот на битолчани , од минута во минута водството
постојано растеше, па најголемата
предност струмичани ја имаа за
+14 некаде на средината од второто полувреме. До
крајот на натпреварот по голем пад во струмичкиот состав гостите успеаа да
дојдат до респектабилни 4 голови разлика. Најефикасен
на денешниот натпревар беше Чантурија со 9 погодоци, Милосављевиќ и Митев постигнаа по 5, Пецаковски и
Тренчевски по 4 погодоци, Шалевски 3 пати го погоди противничкиот гол, а во
листата на стрелците се запишаа и Соколов и Павловски со по 2, односно Стојанов
и Василев со по 1 погодок .
Митревски и Тодоровски во Франција
Митревски и Тодоровски во Франција
Вртоглавиот развој на кариерата
на младите битолски интернационални судии Димитар Митревски и Благојче
Тодоровски продолжува. Интернационалните судии од нашиот град не само што ја
делат правдата во најинтересните средби во домашната ВИП Супер лига и
регионалната СЕХА лига, туку се почесто им се доверуваат и престижни мечеви од
европските купови. Така минатиот викенд Митревски и Тодоровски судеа на најинтересниот
меч од 3 коло на ЕХФ купот во Франција, меѓу Нант и Бенфика. Секоја пофалба за
овие млади момци кои изворедно ја преставуваат Македонија на највисоката
ракометна смотра во Европа.
Нема коментара:
Постави коментар