Деветти меч и
деветти пораз во најсилната кошаркарска лига за избраниците на Благој Печалов
Фени Индустри - Пелистер 85:58 (31:12, 10:14, 17:12, 27:20)
Минатогодишниот финалист во Првенството и Купот ја заврши
2012 година со победа која значи пласман на делба на втората позиција на
табелата. Фени Индустри ја оправда фаворитската улога во дуелот со Пелистер, игран
во Кавадарци и заслужено славеше со 85:58.
Уште по првата четвртина, која Фени Индустри ја доби со 31:12, јасно беше дека двата бода остануваат во Кавадарци. Натпреварот почна со четири поени во низа на 18-годишниот Димитар Илиевски, меѓу кои и едно забивање, за по само две минути игра Фени Индустри веќе да поведе и со 11:0. Тренерот Емил Рајковиќ им даде посериозна шанса на сите помлади кошаркари, меѓу кои покрај Илиевски, своја минутажа добија и Атанас Манев, Павле Николов и Слободан Булатовиќ, а водството на домашниот тим постојано се зголемуваше, за по рутинската завршница да се дојде до конечните 85:58. Бојан Трајковски со 17 поени и 5 скокови беше најпрецизен кај Фени, а со двоцифрен број поени завршија и Соколов, Самарџиев, Брчков, Кнежевиќ и Братиќ. Кај Пелистер Спорт, Дејан Марјановиќ постигна 16 поени, а дабл-дабл оствари Александар Мукаетов со 11 поени и 11 скокови. Двоцифрен, со 11 постигнати поени, беше и Зоран Петковски.

Нема коментара:
Постави коментар