Во тврд и не многу квалитетен натпревар
единствениот корнер за гостите го одлучи победникот, а можеби и патникот во
полуфиналето
Куп на Македонија - четвртфинале (1 меч)
Пелистер - Вардар 0:1 (0:0)
Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола.
Гледачи: 2.000
Главен судија: Марјан Ецкоски (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриецки и Симон Грданоски
(Струга)
Делегат: Добре Иванов (Кратово)
Стрелци: Петров во 77 минута за Вардар
Жолти картони: Лазаревски (Пелистер),
Стјепановиќ, Вајс, Стојаковиќ, Бојовиќ (Вардар)
По
тренерската смена во Пелистер, зелените направија неколку измени во стартниот
тим за разлика од мечот со Металург. Лескароски и покрај обидите и инјекциите
не можеше да го почне мечот. Затоа по 45 дена Ристевски се најде во стартниот
тим, како и Миленковски и Благојче Марковски за сметка на Елмазовски и
Димитровски. Гостите исто така ротираа за разлика од првенствените средби, па
шанса добија 4-5 фудбалери кои обично се на клупата во мечевите за бодови, По
идеални временски услови „вечното дерби„ започна веднаш со акција на домашната
екипа по десната страна. Китановски како и обично се придодаде и биеше по
земја, но во неговиот удар „влезе„ искусниот Вајс и расчисти во корнер. Вардар
полека ја освои топката во свој посед и
првата закана ја имаше преку Благој Гешовски во 16 минута. Прилепчанецот
шутираше од голема далечина, но високо над пречката. Во 21 минута одлична
иницијатива на Димче Ристевски, кој го мина Оса, но центрираше млако и Илиевски
расчисти. Вардар позврати две минути подоцна, кога капитенот Милан Илиевски
нафрли, Петров со глава не ја зафати најдобро топката и таа заврпи во гол-аут.
Првиот директен удар кон еден од двата гола го упати Гешовски во 27 минута, но
неговиот млак обид Коруновски го одбрани. По долг пост без емоции на теренот,
Мите Цикарски во 39 минута се обиде од тешка позиција од левата страна, но
неговиот удар заврши крај дирекот. Најзрелата шанса вардарци ја имаа во 41
минута. По грешката на Томе Китановски, топката стигна до Петров, кој добро
пласираше, но за малку го префрли целиот гол. Позитивниот период на скопјани
можеше да донесе водство и во 43 минута, кога по акцијата на Илиевски,
домашниот голман го одбрани шутот од близина на Остоја Стјепановиќ. Првиот дел
заврши со шутот на Марковски преку голот во единствената минута од
надополнувањето. Блед прв дел без игра на двата тима, со видно калкулирање пред
реваншот и страв да не се прими прв гол.
Само
што почна вториот дел и веднаш Пелистер се закани. Капитенот Ристевски убаво го
погоди Главевски, кој со глава погоди во аголот и кога сите ја видоа топката во
голот, Захив со крајни напори исфрли во корнер. Пелистер многу поодлучно го
почна вториот дел и постојано напаѓаше, со мешаници пред Захов и 3-4 последователни
корнери. Благојче Марковски со удар од дистанца се обиде во 54 минута, но како
и во првиот дел го префли голот. Минута подоцна воздишки предизика слободниот
удар на Александар Вељановски. Битолчанецот биеше од преку 30 метри за малку
над голот. Во 62 минута од иста дистанца од преку 30 метри пак се обиде
Вељановски, но Захов во два наврати го скроти централниот удар на домашниот
фудбалер. Зелените не беа коцднтрирани ни во 66 минута по убавиот центаршут на
Миленковски. Домаќините беа единствена екипа на теренот во вториот дел, но
Вардар организирано и тактички добро се бранеше. На 15 минути пред крајот
домашната клупа го повлече првиот потег, со влегувањето на искусниот Драган
Димитровски на местото на Главевски. И кога се очекуваше завршниот удар на
битолчани, од првиот корнер за гостите дојде водечкиот гол за Вардар. Остоја
Стјепановиќ изведе корнер полувисоко, топката не ја расчисти домашната одбрана,
само малку ја допре Филип Петров и заврши во спротивниот агол во мрежата на
Коруновски. Премногу ефтин гол и тоа во период на целосна доминација на
домаќините. Во 80 минута Пелистер реагираше со акцијата по десната страна, по
која Димитровски биеше со десната гола, но Захов го скроти неговиот удар. Многу
искусно шампионот го приведе мечот кон крај, презадоволен од минималното
водство. Пелистер се обиде со серија на нафрлени топки кон Димитровски и
неколку корнери, но измена на резултатот немаше. Среќна победа на поискусната
екипа на Вардар, а за Пелистре преостанува тешка задача за пресврт на возвратниот
натпревар за две недели на националната арена „Филип втори„ Со мали исклучоци
дербито мина оддлично од организациона гледна точка, со скромен квалитет и
значајна победа на црвено-црните кои ја подотворија вратата од полуфиналето на
националниот Куп.
Миле Димов
(тренер на Пелистер)
Мислам
дека по прикажаното во текот на 90 минути бевме подобар противник. Голема штета
пто од единствениот корнер на Вардар примивме гол и тоа по големо невнимание,
пад на концентрација на нашата одбрана. Штета бидејќи во тој момент доминиравме
во натпреварот и имавме неколку шанси да го отвориме резултатот. Игравме
претпазливо да не примиме гол и да се обидеме да дадеме. Сега ќе се обидеме во
Скопје да го надополниме пропуштеното на овој прв натпревар.
Благоја Милевски
(тренер на Вардар)
Бевме
поамбициозен противник посебно на почетокот на средбата. Тогаш креиравме повеќе
шанси и игарвме подобро во поле. Во вториот дел успеавме од пркин да ја
постигнеме целта да постигнеме гол во гости што многу ќе ни значи во пресрет на
возвратниот натпревар во Скопје. Честитки за моите фудбалери за победата во
Битола .
Армен Назарјан
гостин на „вечното дерби„
Двократниот олимписки шампион,
трикратниот светски и шескратниот европски првак во борење, бугаринот со ерменско
потекло Армен Назарјан неочекувано пристигна во Битола да го следи најголемото
дерби на македонскиот фудбал. Легендарниот бугарски борач прв пат во Македонија
беше изненаден од интересирањето за средбата и ги бодреше пелистерци во текот
на целиот меч.
Секуловски на одмор во Битола по трофејот во
Мјанмар
Бившиот
тренер на Пелистер Марјан Секуловски по успешниот период во Мјанмар и освоениот
Куп пристигна во Битола да го следи „вечното дерби„ и да го подржи Пелистер.
Токму во април оваа година по победата во Ѓорче Петров, Секуловски замина за
Мјанмар, а тогаш Димов ја водеше екипата до промоцијата во Првата лига.
„Чкембарите„ за секоја пофалба, се до 78
минута
Ако
претходното „вечно дерби„ мина со пропусти во организацијата, немили сцени и
инциденти, од гледна точка на навивачката организација во Битола се беше скоро
па во најдобар ред. Голема олеснителна околност беше одлуката да не допатуваат
гостински навивачи. Битолските навивачи „Чкембари„ подржани од „Лозари„
коректно и пасионирано го бодреа својот тим. Но во 78 минута по водечкиот гол
на Вардар од големата трибина беше фрлен предмет, кој веројатно го погоди
помошникот судија Симон Грданоски . Сепак по едноминутен прекин, натпреварот
нормално продолжи. За разлика од нив на „Комитите„ не им беше дозволено да
допатуваат и организирано и во приватна режија. Дури и тие кои со автомобили
допатуваа до Битола од припадниците на МВР не им беше дозволено да го следат
мечот, па се вратија назад во Прилеп да очекуваат вести за исходот на средбата.
Нема коментара:
Постави коментар