Powered By Blogger

18. 12. 2012.

Кобен третиот и четвртиот период

ИАКО МНОГУ ОЧЕКУВАА, КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕНИ ПО ОСМИ ПАТ ВО СЕЗОНАТА
Пелистер - Струмица 55:68 (10:19, 17:6, 17:20, 11:23)

Кошаркарите на Пелистер по осми пат во сезоната се поразени и тоа во мечот во кој влегоа со надеж дека можат до изненадување. Првиот меч во Струмица им остави впечаток дека можат да се надигруваат со овој противник, но во Битола шанси за такво нешто немаше.
Српските интернацоналци во струмичкиот табор многу брзо влегоа во ритам. Јевтиќ и Балаш донесоа двоцифрено водство уште во 8 минута (6:17). Пелистер возврати и во втората четвртина, со игра преку високите Талевски и Захаривски дојде до израмнивање 29:29, а потоа и за прв пат поведе со поените на Анакиевски. Но тоа ги испровоцира гостите да играат поцврсто во одбраната и да направат две серии од од по 6:2 и да го решат прашањето на победникот уште во третиот период. На стартот на четвртата четвртина беше нивното дефинитивно одлепување за финалните +13 за екипата на Струмица. Во победничката екипа најефикасни беа Јевтиќ, Јанушиевиќ и Балаш. Заедно тројцата имаа 40 поени од 68 на екипата на Струмица. Во поразената битолска екипа Даниел Захариевски постигна 17 поени, а имаше и 7 скока. Зоран Петковски придодаде 9 поени, а Атанасовски беше автор на 8. 

Нема коментара:

Постави коментар