СО НЕКОЛКУ ЗАМЕНИ ВО СТАРТНИОТ ТИМ ОД НЕДЕЛНОТО ДЕРБИ СО
ХОРИЗОНТ, ПЕЛИСТЕР КАЈ ШКЕНДИЈА ВО ПОТРАГА ПО ПРВИТЕ ГОСТИНСКИ БОДОВИ
На едно
од гостувањата каде има катастрофален биланс, на градскиот стадион во Тетово,
Пелистер на тренерот Горазд Михајлов ќе мора да бара поправен испит по петте
гостински порази и последните два нерешени резултати под Тумбе кафе.
Иако се отпишани од јавноста против еден од најдобрите домаќини во лигата, битолчани немаат што да загубат и ќе се надигруваат со квалитетната екипа на Артим Шакири. Во првиот дел од шампионатот во Битола немаше победник и финалните 1:1 ги задоволија двете екипи. Сега кога дистанцата е 9 бода повеќе во полза на Шкендија, зелените ќе се обидат да направат изненадување. Еден од најискусните во таборот на Пелистер и стрелецот на голот со Хоризонт Здравје, Сашо Лазаревски најавува исто така безпоштедна борба како со турновци во голем дел од мечот со човек помалку.

„Мислам дека квалитетот на Шкендија
е неспорен. Тие располагаат можеби и со најдобриот ростер на фудбалери во
нашата земја. Сепак ние во одредени делови од многу средби во ова првенство
покажавме дека можеме да играме со секого. Сепак често имавме и лоши моменти во
средбите и не успеавме да донесеме бодови кога играме надвор од Битола. Верувам
дека таа серија на порази мора еднаш да прекине, па зошто тоа да не го
направиме кога сите не отпишуваат„ вели искусниот фудбалер по левата страна,
кој во неделата почна во средниот ред, а заврши во одбраната. Во стартниот тим битолскиот стручен штаб
најавува неколку замени. Така Драгарски ќе биде заменет со Тони Магловски,
Павлов ќе добие шанса од првата минута, а и Рутевски ќе биде потврден втор меч
по ред како стартер. Сигурно во Тетово нема да патуваат повредените Ристевски,
Лескароски и казнетиот Христијан Драгарски.
Нема коментара:
Постави коментар