ЧЕТВРТИ ПОРАЗ ВО
ИСТО ТОЛКУ МЕЧЕВИ ЗА КК ПЕЛИСТЕР КОЈ НЕМАШЕ ШТО ДА БАРА ВО МЕЧОТ СО МНОГУ
ПОКВАЛИТЕТНИОТ РАБОТНИЧКИ
Во истиот викенд во кој
фудбалерите беа поуспешни од Работнички, илузорно беше и кошаркарите да слават.
Многу поквалитетната екипа на Работнички дојде во Битола како фаворит и ја
оправда таа улога во рутински 40 минути под обрачите во спортската сала
„Младост„ во Битола.
Зелените мотивирано го почнаа мечот, но имаа проблеми со реализацијата, па така скопјани брзо отидоа на 4:11 во првата половина од првата четвртина. Избраниците на Печалов се консолидираа со поените во серија на Петковски и Анакиевски и дојдоа во 19:24. До крајот на втората четвртина сепак гостите се одлепија. Јелисиевиќ, Димитровски и Петровски ги превзедоа работите во свои раце и на големиот одмор се отиде со +14 за најтрофејната македонска кошаркарска екипа. Во продолжението моралот опадна кај пелистерци и прашање беше само колкава ќе биде разликата на крајот од средбата. Омонди и Аврамовски му се придодадоа на споменатите и петмина гостински кошаркари мечот го завршија со двоцифрен број на поени. Во финалните 59:82 кај битолчани Захариевски и Петковски заслужуваат висока оценка. Конечните 23 разлика реално покажуваат дека Пелистер не може да смета на бодови со екипи од водечката шестка и можеби само со Струмица и Вардар во Битола вреди да се надева на бодови за победа. Сепак радува солидната посета и присуството на двете навивачки групи во саботата во Битола. Црната серија без победа во Првата лига за пелистерци веќе прдолго трае. Повеќе од 20 меча тие заминуваат со наведнати глави и поголемиот дел од средбите ги загубија со двоцифрен број на поени.

Четврти пораз во исто толку
средби за екипата на Пелистер, која пак остави солиден впечаток, но разликата
во квалитет веќе е толку голема што многу екипи бодовите однапред ги впишуваат
кога играат со битолчани.
Нема коментара:
Постави коментар