И СО 76 МИНУТИ СО ЧОВЕК ПОМАЛКУ ПЕЛИСТЕР ИЗВЛЕЧЕН БОД ПРОТИВ
ЛИДЕРОТ ВО ОДЛИЧЕН МЕЧ ПО НЕВОЗМОЖНИ УСЛОВИ
Домашното
реми со лидерот Хоризонт Здравје во битолските кулоари е окарактеризирано како
позитивен исход, иако бодот не значи голем исчекор на првенствената табела.
Сепак против една многу квалитетна екипа како турновци да не се загуби и покрај
74 минути игра со човек помалку е за секоја пофалба. Посебно ако се знае дека
гостите први поведоа и ги имаа сите предуслови за да го однесат целиот плен од
под Тумбе кафе. Од управата на Пелистер протестираат за неизедначениот
критериум на судиската тројка на чело со Костенчев. Црвениот картон на
Драгарски во раната фаза според битолчани е престрога одлука, посебно што
првиот стрелец во лигата ја немаше топката во своја контрола. Ова е четврти
натпревар во сезоната во кој пелистерци пред време остануваат со човек помалку,
што алудира на сериозни дефанзивни и дисциплинкси проблеми кај зелените. Но
подолго време за анализа на овој меч нема, бидејќи календарот нуди уште две
многу тешки средби за екипата на Горазд Михајлов. Утре Шкендија во Тетово и в
недела Металург под Тумбе кафе се новите предизвици, во кои Пелистер пак ќе
мора со крпен тим. Драгарски е казнет, Лескароски почна да тренира, но се уште
чувствува болка во ногата, а мали се шансите за настапи и на недоволно
опоравениот Ристевски. Со такви изостаноци и со 90 минути на многу тежок терен
во нозете, стручниот штаб на пелистерци мора да ги акумулира силите за
наредните неколку предизвици. Во Тетово кај Шкендија скорот на зелените не е
сјајен и ќе им треба подвиг да останат непоразените.
Нема коментара:
Постави коментар