ИАКО МАЛКУМИНА
ВЕРУВААТ ДЕКА ПЕЛИСТЕР ИМА СЕ УШТЕ ШАНСИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ, ВО БИТОЛСКИОТ ТАБОР
ПОБЕДАТА НАД РАБОТНИЧКИ ДОНЕСЕ СОСЕМА ПОИНАКВА КЛИМА ПРЕД „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„
Кога последен пат
Пелистер го елиминира Вардар во Купот точно пред 10 години, подоцна и го освои
пехарот. Исто и тогаш нивниот двомеч беше во четвртфиналето и реваншот се
играше во Скопје. Но ако тогаш и минимален пораз од 3:2, Пелистер го водеше на
мегдан со Караорман, подоцна и на трофеј во финалето со Слога Југомагнат, сега
на битолчани им треба поголем подвиг.
Колку и да се суеверни, зелените свесни се дека во Скопје мора да постигнат еден, а можеби и повеќе гола и да внимаваат да го направат тоа што никој не го направил против Вардар кога црвено-црните се домаќини - да не примат гол од фаворитот. Изгледа како сплет на невозможни комбинации, но пелистерци потајно веруваат дека оваа улога на очаен аутсајдер на кого малкумина му даваат шанси им одговара. Миле Димов нема проблеми со тимот и на располагање ќе го има целиот ростер. Тешко е да се поверува дека целосно ќе го измени тимот, мислејќи на првенството, бидејќи сепак се работи за Вардар, за меч на „Филип втори„ арената, а влогот е полуфинале, а можеби и Европа. Благојче Марковски ќе добие шанса во нападот, Рутевски веројатно ќе биде стартер, а со сигурност и Драгарски кој не играл 4 средби за бодови, а не беше во тимот и на 7 ноември на првиот четвртфинален меч во Битола.

„Досега два пати игравме на
националната арена и два пати загубивме, иако бевме рамноправни или подобри.
Куп средбите се специфични и знаеме дека Вардар има голема предност од првиот
натпревар. Победата над Работнички ни ја врати вербата во нашите можности,
порасна самодовербата и очекувам еден сосема поинаков Пелистер од оној во
првото полувреме во Битола. Двомечот трае 180 минути, можеби и повеќе и јас не
би го отпишал предвреме Пелистер„ ни рече на еден од последните тренинзи
Александар Вељановски, кој во првенствениот меч со Вардар заработи црвен
картон, иако беше заменет.
По серијата на гостувања два
пати во Скопје, во Кичево, Тетово, Штип, навивачите на Пелистер нема да бидат
дел од „вечното дерби„ исто како што изостанаа навивачите на Вардар на првата
средба. Досега оваа сезона Пелистер има 8 официјални мечеви како гостин и само
во Купот во Штип против Баби останал непоразен (1:1). На сите останати како и
да играл со наведната глава го напуштал фудбалскиот терен.
Нема коментара:
Постави коментар