Powered By Blogger

25. 12. 2012.

Канатларовски има неколку понуди, Пелистер ќе избира утре

НЕИЗВЕСНОСТ ОКОЛУ ТРЕНЕРСКОТО МЕСТО ВО ПЕЛИСТЕР СО ДИЛЕМИ ОКОЛУ АНГАЖМАНОТ НА БИВШИОТ СЕЛЕКТОР
Ново последно одлагање околу одлуката за евентуалното назначување на Драган Канатларовски за шеф на стручниот штаб на Пелистер. Имено првиот состанок меѓу управата и реномиранито стручњак се случи за време на викендот.
Постои расположение за дефинирање на соработката, но Канатларовски има неколку понуди од странство чиј што исход ќе биде познат во наредните неколку дена. Канатларовски треба на останатите заостанати страни да им одговори до крајот на година, а Пелистер нема толку време. Така до среда Пелистер ќе го исчекува одговорот на Канатларовски, а ако биде негативен ќе го активира планот Б. Бившиот селектор има голема желба да помогне, но порача клубот да ги среди останатите административни проблеми, а најслесен проблем би биле преговорите со него и неговите барања. Заради почитивање на зацртаниот тајминг најверојатно утре ќе се знае исходот на овие преговори. Фудбалерите се на заслужен одмор, а до крајот на оваа недела ќе добијат плата, а потоа и по изгласувањето на општинскиот буџет ќе биде познат „колачот„ кој му припаѓа на ФК Пелистер. Клубот исто така засилено ги врши последните преговори и за организацијата на подготовките, бидејќи ако Битола ја нападне поларна зима како минатата година, ќе нема услови за ниту еден ден тренинг под „Тумбе кафе„. Затоа заминување на потопли краишта и веројатно надвор од државата е уште еден приоритет за управата на Пелистер.

Нема коментара:

Постави коментар