ПО ВТОР ПАТ ВО
ПОЛУСЕЗОНАТА КОЈА ТЕЧЕ, ВО ИСТО КОЛО ПОРАЗЕНИ ДВЕТЕ ЕКИПИ ОД БИТОЛА
Куманово - Пелистер 31:21 (12:8)
По втор пат во сезоната двата ракометни клуба од Битола забележаа порази во ист викенд. Вистинска катастрофа им се случи на ракометарите на Пелистер на гостувањето во Куманово. Поразот од 10 разлика е најубедлив од овој тим и скоро на идентичен начин како и минатата година, така и оваа куманчани се радуваа на победа против зелените.
Само до некаде во првото полувреме избраниците на Кире Поповски беа рамноправен противник. Возвраќаа со иста мера на агресивната игра на домашната екипа. Стојановски со 7 гола беше прво име на натпреварот. Серијата на технички грешки остави траги уште на почетокот, а и во нападот битолчани многу грешеа. Дрогришки со 4 гола најефикасен во поразената екипа. Овој пораз е петти во сезоната за прволигашот од Битола.
Куманово - Пелистер 31:21 (12:8)
Битола - Тинекс
Пролет 27:32 (11:14)

На домашен терен Битола демонстрираше силен отпор, но не
можеше ништо повеќе да стори од чесен пораз. Поквалитетната скопска екипа
предводена од неколку ветерани, брзо се одлепи на 2:6 и до крајот не ја испушти
предноста. На три кола до крајот на полусезоната Битола се наоѓа во безбедна
зона и не треба да трепери за опстанокот во лигата.
Нема коментара:
Постави коментар