Заврши
полусезоната во нашиот женски фудбалски шампионат со солиден учинок за
битолската екипа Топ-гол
Заврши есенскиот дел од сезоната 2012/13 за фудбалерките на
Топ гол, кои ќе презимат на шестото
место на табелата од вкупно десет
екипи. Со четири победи, еден
нерешен резултат и еден пораз од лидерот, а бодовното салдо на битолчанки е 13
бода, но имаат еден натпревар помалку кој поради лошите временски услови ќе се
одигра напролет.
Гол разликата на оваа полусезона изнесува +5, 15 постигнати и 10 примени голови. Во 8 официјални натпревари за Топ гол вкупно настапија 20 фудбалерки, сите од Битола.
Гол разликата на оваа полусезона изнесува +5, 15 постигнати и 10 примени голови. Во 8 официјални натпревари за Топ гол вкупно настапија 20 фудбалерки, сите од Битола.
„Ова
е одлична полусезона и во споредба со минатиот есенски дел во сите параметри
сме подобри. За разлика од минатиот во овој дел остваривме 6 бодови повеќе,
имаме подобра гол разлика и играа повеќе фудбалерки. Најмногу ме радува тоа што
нашата форма и квалитет како поединечно така и екипно е на многу повисоко ниво.
Ние сме екипа која две години само двапати е поразена на домашен
терен и тоа од лидерот, а сега победуваме и на гостински терен и тоа со екипи
кои се во горниот дел на табелата. Имавме и порази, но и од нив извлековме
поуки кои ќе ни помогнат во идните натпревари. Наш приоритет е развој на млади
фудбалерки и во тоа успеавме во есенските квалификациски турнири на национално
ниво во У17, У19 и А-селекција.
Топ гол исфрли 8 репрезентативки, а капитенот на У17 на Македонија е од нашите
редови. Ако на ова го додадеме и тоа дека ние сме една од најмладите екипи во
Македонија ова до сега е огромен успех. Стручниот штаб ќе направи детална
анализа за оваа полусезона, а до крајот на годината ќе продолжиме со работа, но
со намален интензитет и обем и ќе додадеме активности од забавен карактер„ ни изјави шефот на стручниот тим, Кире Грбевски.
Нема коментара:
Постави коментар