МНОГУ РЕТКО
ПЕЛИСТЕР ЗНАЕЛ ДА ОТКИНЕ НЕКОЈ БОД ОД МЕЧЕВИТЕ ВО КИЧЕВО, ПА МОЖЕБИ СЕГА КОГА
СИТЕ ГО ОТПИШУВААТ МОЖЕ ДО ПОЛН ПЛЕН
На три кола до
крајот на есенскиот дел од шампионатот, фудбалерите на Пелистер си зацртаа цел
на освојат што е можно повеќе бода од гостувањата во Кичево и Тетово и на
домашниот меч со Тетекс.
Сепак за тоа да им успее треба да го разбијат табуто на гостувањата, каде зелените се најслабата екипа во лигата. За мечот в недела во Кичево, каде битолчани имаат лоша традиција, целиот ростер со исклучок на повредениот Благојче Рутевски му е на располагање на тренерот Димов. Во првиот меч на овие две екипи во Битола, Пелистер славеше со 2:0 со головите на Александар Вељановски и Димче Ристевски. Но од тој меч Напредок толку напредуваше на табелата што е поблиску до врвот одколку до дното. Пелистер ќе мора да се надмине себеси или во најмала мерка да ги повтори првите полувремиња од средбите со Брегалница во Штип и со Вардар во Купот во Скопје. Но реализацијата вели дека и во овој статистички податок, пелистерци не можат да се пофалат. Голем дел од головите се дело на Благојче Главевски кој во нападот ќе биде придружуван од Драган Димитровски. Ветеранот ветува борба и бодови од гостувањето во Кичево.

„Мислам дека еден позитивен
резултат од мечевите во гости, психички ќе ја ослободи екипата и дека многу ќе
ни значи за понатамошниот тек на сезоната. Верувам дека и со Напредок можеме да
се надигруваме и да останеме непоразени. Знаеме за незгодниот стил на нашиот
противник кој во минатото ни создавал проблеми, но секој меч е посебна
приказна. Ние имаме доволно енергија и мотиви да покажеме дека не сме така лоши
како што говорат резултатите. Затоа во името на екипата ветувам борба и
витештво до позитивен резултат„ ни рече Драган Димитровски кој во средата во
Скопје одигра 20 минути во Куп мечот со Вардар.
Се очекуваат неколку рокади во
тимот кој играше со Вардар. Во одбраната Лазаревски се враќа на позиција на лев
бек, Павлов треба да го почне мечот, а и Димитровски ќе биде крај Главевски во
нападот на местото на Благојче Марковски. Битолските навивачи најавуваат
патување за Кичево како мала утеха што не беа дел од „вечното дерби„ Претходно
„Чкембарите„ беа скоро на сите гостувања на Пелистер во Штип, Тетово, Скопје.
Нема коментара:
Постави коментар