Powered By Blogger

18. 12. 2012.

Пак градското дерби за Пелистер

КАКО И ВО ОКТОМВРИ, ТАКА И НА КРАЈОТ НА ПОЛУСЕЗОНАТА ПЕЛИСТЕР РУТИНСКИ СЛАВИ ВО ДУЕЛОТ СО БИТОЛА
Пелистер - Битола  31:27 (14:12)

Последниот официјален натпревар во спортската сала „Младост„ во Битола во 2012 година беше второто овосезонско градско дерби во ракометната ВИП Супер лига меѓу Пелистер и Битола. И слично како и во првиот дел од шампионатот, пак Битола демонстрираше силен отпор, но на крајот загуби од поискусната и видливо поквалитетна екипа на Пелистер.
Под притисок заради последните слаби резултати екипа на Кире Поповски добро го отвори мечот. Постојано имаше 2-3 гола предност, со добра игра на надворешните ракометари, пред сите на Филип Чурлевски. До полувремето тимот на Босеовски се врати блиску до зелениот табор, но не комплетно да направи пресврт. На почетокот на второто полувреме со серијата од 4:0 со головите на Митревски и Димитровски победникот беше решен. Најдобар поединец и стрелец во победничката екипа беше токму Васко Димитровски кој стана татко и ја круниса својата најсреќна недела со професионална победа. По првиот дел од првенството Пелистер презимува на четвртото место со 22 бода, а Битола е седма со 9 бода. Во фебруари по светското првенство во Шпанија првенството ќе продолжи со приклучок во Суперлигата на Металург и Вардар Про.

Нема коментара:

Постави коментар