Powered By Blogger

3. 12. 2012.

Градоначаникот вети „полна каса„ за ФК Пелистер во 2013 година

ОБЕЛОДЕНЕТ ПРОЕКТОТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО БИТОЛСКИОТ СПОРТ, ОД КОЈ НАЈМНОГУ ЌЕ ПРОФИТИРА ФК ПЕЛИСТЕР
Битолската фудбалска јавност не се израдува толку на победата над Тетекс, туку на вчерашната прес-конференција на градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. Имено „градскиот татко„ го обелодени проектот кој битолскиот спорт, а најмногу фудбалот, со години го чекаше.
Имено главната новина е скоро двојното зголемување на сумата која е предвидена за спортот во Битола за 2013 година, а како целосен акционер во ФК Пелистер, општината голем дел од „колачот„ ќе проследи до клубот под Тумбе кафе.
                „Денес го презентираме проектот за спортот и културата во нашиот град за 2013 година. Обезбедивме 1 милион евра за овие две гранки, а ако треба и повеќе„ рече градоначалникот на Битола Владимир Талески на вчерашната едночасовна прес-конференција. Со оглед на тоа предвидените преддоговир ФК Пелистер ќе добие доволно средства за двојно да го зголеми буџетот во споредба со оваа година. „Наша прва цел беше Пелистер да се врати во Првата лига, а сега постепено и да расте. Потребен ни е врвниот спорт, а фудбалскиот клуб оди по вистинската патека. 2013 е година на спортот во нашиот град, па верувам дека сите наши клубови ќе растат во годината која доаѓа„ рече Талески.
                Со полна каса од јануари, битолскиот прволигаш најавува комплетно реструктуирање и на играчки и на административен план. Затоа во пресрет на последниот есенски меч со Ренова наредниот викенд, управата на клубот уште веднаш започна да го планира вториот дел од сезоната, а зелените ќе добијат сосема поинаков лик во 2013 година. Приоротет е назначувањето на нов шеф на стручниот штаб по смената на Михајлов и привременото решение со Миле Димов на клупата. Исто така ќе бидат доведени 4-5 квалитетни засилувања во сите линии, како опстанокот во лигата не би бил доведен во прашање. Потврдено е дека оваа зима Пелистер ќе замине на подготовки, како би го надополнил тоа што ова лето заради доцната трансформација, не замина надвор од Битола. Со сите овие гаранции, битолскиот прволигаш треба да има нов изглед на пролет и повторно ќе биде атрактивен за големите комплании, фудбалерите и стручњаците од нашата земја.

Промовиран проектот спортски комплекс „Тумбе кафе„

                Градоначалникот Владимир Талески ги откри плановите и за подобрување на инфраструктурата поврзани со ФК Пелистер. „Со оглед на тоа што до сега никој не изготвил проект за реновирање на трибината или целосно нов стадион под Тумбе кафе, најитно ќе изработиме проект и планираме модерен стадион во Битола. Во зависност од проектантот и нормите на УЕФА не знаеме дали тоа ќе бидат две трибини од по 6.000 гледачи или пак две големи трибини за 4.000 гледачи и две помали за 2.000 луѓе, но тоа се одлуки на проектантот. Сепак покрај спортската сала „Младост„ планираме нов стадион со кој Битола ќе се гордее„ гордо изјави Талески.

Пелистер добива и свој клубски автобус

                Во планот за административно издигање на Пелистер, договорено е општината на клубот да му отстапи луксузен автобус кој ќе служи за потребите и патувањата на сениорската екипа, но и на младинските категории. Со тоа ќе биде решен уште еден голем проблем и ќе бидат заштедени пари од клубскиот буџет.    

Нема коментара:

Постави коментар