09.12.2012.

Пелистер со прв бод од гостувањата

ВО СНЕЖЕН АМБИЕНТ ПЕЛИСТЕР ОТКИНА БОД ОД ГОСТУВАЊЕТО КАЈ РЕНОВА ПОД ШАРА
Ренова - Пелистер 0:0

Градски стадион во Тетово, теренот покриен со снег. Гледачи околу 200
Судии: Димитар Мечкаровски, Душко Милошевски и Дејан Неделковски сите од Скопје.
Делегат Скендер Таири од Струга
Жолти картони Асани и Исмаили (Ренова), Павлов и Магловски (Пелистер)

Ренова:

Зендели, Мемеди, Степановски, Силјановски (Нухии 77м.), Ристов, Симовски, Гафури (Асани 50 м.), Емини, Бајрами, Исмаили, С.Фетаи

Пелистер:

Коруновски, Елмазовски, Лескароски, Драгарески, Веланоски, Т. Магловски, С.Магловски (Ивановиќ 90 м.), Лазаревски (Павлов 75 м.), Ристовски (Миленковски 90 м.) Марковски, Главевски

Играч на натпреварот: Вулнет Емини

По тежок терен прекриен со снег, во Тетово Ренова и Пелистер одиграа мошне борбен натпревар но без голови. Домаќинот имаше повеќе шанси за гол, но најубавата сепак ја имаше Пелистер преку корпулентниот Главевски кој наместо да проигра со двајца свои соиграчи сакаше се сам да реши и така ја загуби топката. Во Тетово инаку во текот на целиот меч врнеше силен снег па главниот судија Мечкаровски на двапати ја прекинуваше играта за да се обележат линиите.

Нема коментара:

Постави коментар