ИСТА ПРИКАЗНА НА СИТЕ ГОСТУВАЊА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ОВАА ФУДБАЛСКА
ЕСЕН
Многупати
оваа фудбалска есен по истото сценарио од гостувањата фудбалерите на Пелистер
се враќаа со наведнати глави и со полна „торба„ пофалби за добрата игра,
организираноста и слично. Но зелените рушат негативни рекорди кога се во
прашање мечевите надвор од Битола.
И ако под Тумбе кафе во две сезони во Втората и Првата лига, Пелистер има само по еден пораз во сезона од Еуромилк и Металург и од Вардар во националниот Куп, на гости скорот е катастрофален. Секогаш битолчани мака мачеле да пронајдат баланс меѓу натпреварите дома и во гости, но ваква разлика како оваа сезона до сега не се случила. Дури и пред две сезони кога Пелистер испадна од Првата лига, знаеше да освои по некој бод кога игра надвор од своето „буниште„. Така и во неделата во Кичево, од меч во кој екипата на Димов ги контролираше работите и беше до некаде и опасен по голот на Пашовски, мечот се претвори во пораз во само една грешка. Пречесто на сличен начин Пелистер губеше во Скопје од Работнички и во Штип со нереализирани пенали, од Вардар во Скопје, кога прими голови во последните 5-6 минути и слично.

В
недела следува последниот домашен меч со Тетекс и бодовите се приоритет и мечот
од битолскиот табор го подготвуваат како финале. Првиот дуел со „штофарите„
беше еден од оние, во кој тимот комплетно потрфли и сега сите под Тумбе кафе се
желни за реванш. Според статистиката Пелистер мака мачи да постигне гол и
реализацијата и на напаѓачите и на фудбалерите кои се придодаваат од втор план
загрижува. Од мечевите со Тетекс и Ренова директно зависи како Пелистер ќе биде
стациониран пред зимската пауза, а потоа стратегијата е јасна. Тимот мора да се
мобилизира во борба за опстанок или во најмала мерка за избегнување на директно
испаѓање од лигата. Во тој контекст сигурно ќе има промени и во играчкиот кадар
и на клупата, бидејќи Димов е само привремено решение уште два натпревари, а
потоа ќе биде поставен нов шеф на стручниот штаб. По денешниот слободен ден, утре зелените пак ќе бидат во тренажен процес и мислите им се насочени само на
неделниот натпревар.
Главевски и Стефан Магловски „пожолтени„ со Тетекс
Грижите
на стручниот штаб на Пелистер на чело со Миле Димов и неговите помошници
Стерјов и Ванчо Мицевски се уште поголеми, бидејќи за последниот домашен меч во
2012, пелистерци ќе бидат без најдобриот стрелец Благојче Главевски и без
Стефан Магловски кои мора да паузираат заради акумулација на жолти картони.
Неизвесно е дали Благојче Рутевски ќе се опорави за мечот со Тетекс наредниот
викенд.
Нема коментара:
Постави коментар