Powered By Blogger

8. 11. 2012.

Има ли излез од кризата на Пелистер?

ПО ОКТОМВРИ, ПЕЛИСТЕР ВЛЕЗЕ И ВО „ЦРНИОТ„ НОЕМВРИ СО МНОГУ ГРИЖИ ПО СЕРИЈАТА ПОРАЗИ
За прв пат по повеќе од две години Пелистер врза три последователни порази, а скоро 27 месеци не загубил два пати по ред под Тумбе кафе. Негативните рекорди покажуваат дека битолчани влегоа во резултатска криза и дека целта до крајот на фудбалската есен е да не паднат компетно во зоната која води во Втората лига.
Иако против Металург и Вардар, зелените беа рамноправен противник и на двата меча ремито беше најреален исход, две невниманија во одбраната Пелистер го чинеа порази, тренерска смена, скоро па елиминација од Купот и разнишана самодоверба. За разлика од Михајлов, новиот предводник на пелистерци Миле Димов направи една-две тактички замени со внесувањата на Благојче Марковски и Филип Миленковски, но главниот проблем на екипата е во организацијата на играта и скромната ефикасност. Ако Благојче Главевски не погоди, битолчани имаат мал број на голови на останатите напаѓачи и премалку голови на останатите фудбалери за врска. Дополнителен проблем се казнените мерки, исклучувањата и суспензиите. Така со 4 црвени картони во шампионатот, Пелистер е меѓу најнедисциплинираните екипи во лигата. Христијан  Драгарски нема да игра уште на три средби заради исклучувањето со Хоризонт Здравје. А за проблемите да бидат уште поголеми „прсти вмешаа„ навивачите. Иако беа одлични, примерни и мотивирани во текот на целиот Куп натпревар со Вардар, по примениот гол реагираа погрешно. Како и на средбата со Шкендија со предмет беше погоден помошникот судија Грданоски и мечот беше во краткотраен прекин. На битолчани им се заканува нова суспензија, иако се чини овој пат таа нема да биде ригорозна. Имено предметот не го погоди судијата директно како во првенствениот меч со тетовци, кога исто така изолиран инцидент го расипа впечатокот.
                За неделното гостување кај Брегалница во Штип, екипата која ја предводи Миле Димов најавува враќање на Лескароски во одбраната, а веројатно ќе има и уште 2-3 измени во средниот ред и нападот. Играта на Пелистер е премногу зависна од талентот на капитенот Димче Ристевски и повредата на овој фудбалер остави сериозни траги врз средниот ред на тимот. Иако ретко играа заедно од првата минута Ристевски и Рутевски се во комбинација да го почнат мечот во Штип од првата минута за сметка на еден од двајцата напаѓачи.  

Нема коментара:

Постави коментар