ЗАБОРАВЕНИ НЕУСПЕСИТЕ, ПЕЛИСТЕР СЕ НАДЕВА НА ПОДОБРА СРЕЌА
ВО ШТИП НА МЕЧОТ СО КОНКУРЕНТОТ БРЕГАЛНИЦА
По
серијата на порази најдобра „медицина„ е еден позитивен резултат, кој ќе го
смени размислувањето, ќе го засили моралот и самодовербата. Таков е случајот со
Пелистер кој скоро два месеци не забележал триумф.
Од победата против Ренова, зелените имаат серија на неуспеси и само два нерешени резултати со Дрита и Хоризонт Здравје, како и победа во двомечот од Купот со Баби. Со целиот ростер со исклучок на казнетите Христијан Драгарски и Драган Димитровски, новиот предводник на Пелистер Миле Димов патува в недела во Штип. Против екипата која ја совлада со 1:0 под Тумбе кафе, пелистерци ќе ги бараат првите бодови на гостувањата:

„Сведоци
сме дека ништо не ни поаѓа од рака. И кога играме добро, како на последните
средби не успеваме да извлечеме позитивен резултат. Мора да се мобилизираме, да
го вратиме позитивниот дух во соблекувалната и верувам дека успехот нема да
изостане. До крајот на есенскиот дел сите противници се исти. Квалитетни екипи,
директни дуели за борбата за подобар пласман и знаеме дека не очекуваат некоку
финалиња за чекор кон помирна ситуација на табелата. Мечот со Брегалница е само
првиот од таа серија. Мора и нас да ни тргне, верувам почнувајќи од в недела„
ни рече најдобриот клубски стрелец Благојче Главевски.
Токму
Главевски е најавен како најистурен во нападот на битолчани, а подршка треба да
добива од Ристевски и Рутевски кои ќе дејствуваат зад него. Во одбранбениот ред
нема да има измени од последните два меча, но затоа најмногу ќе се ротира во
редот за врска
Нема коментара:
Постави коментар