Powered By Blogger

9. 12. 2012.

Убедливо поразени и кошаркарите и кошаркарките

ДЕБАКЛ НА ДЕВОЈКИТЕ ВО СКОПЈЕ, УБЕДЛИВ ПОРАЗ И НА МАШКАТА ЕКИПА НА ПЕЛИСТЕР ДОМА ОД КУМАНОВО
Пелистер - Куманово 77:94
               
Третиот домашен натпревар, кошаркарите на Пелистер го загубија заради лошиот почеток на мечот со Куманово. Недозволиво лошо зелените го отворија натпреварот со Куманово и дозволија двоцифрено водство на кумановчани во првите 10-15 минути.
Избраниците на Луковиќ сериозно му пристапија на мечот со новиот прволигаш и прокнижија значајни бодови. Диригирани од Александар Костовски и српските интернационалци Микиќ и Младеновиќ, гостите имаа 14:29. Иако неколку мотивирани кошаркари на Пелистер максимално се обидуваа да го вратат приклучокот во резултатот. Сепак финалните 17 разлика се раален одбраз на силите кога играат овие две екипи.

Клубски - ЖКК Пелистер 87:28

На предпоследно одиграниот натпревар, Клубски го победи Пелистер со 87:28 и се зацврсти на третата позиција, додека за комплетирање на седмото коло ќе се сретнат уште Струга - Бадел и Вардар Младинец - Ваис Профил. Младата кошаркарска екипа на Пелистер втор пат по ред е поразена со огромна разлика а не успева да постигне ни 30 поени на натпревар.

Нема коментара:

Постави коментар