Куп на Македонија - Четвртфинале (2 меч)
Вардар - Пелистер 2:0 (0:0)
Фудбалерите на Вардар се последниот учесник во полуфиналето од Купот на Македонија откако со подобра игра во второто полувреме уште еднаш беа подобри од битолски Пелистер совладувајќи го вечниот ривал со 2-0 во вечерашниот меч на арената „Филип Втори“.
Вардарци беа подобри и во првиот меч одигран во Битола каде што победија со минимални 1-0. Стрелци на головите за црвено-црните на вториот четвртфинален дуел со Пелистер беа Филип Петров во 66. минута и Хорхе Хименез во 85. минута. Пелистер беше поактивен тим во првото полувреме, а Вардар можеби и премногу внимателен, пред се добро организиран во одбраната, со среден ред кој повеќе мисли да не ја загуби топката во опасната зона, отколку што се труди да создаде шанса пред противничкиот гол. Во 13.минута, Благојче Марковски се закани од 20 метри, но не беше прецизен. Во 31.минута и Сашо Лазаревски упати удар од далечина, но овојпат голманот на Вардар, Костадин Захов, беше на вистинското место. Најсериозната можност во првиот дел, Вардар ја имаше во 43.минута, кога Мите Цикарски од левата страна одлично нафрли во шеснаесетникот на Пелистер, Јован Костовски беше највисок во скокот, упати удар со глава, но не беше доволно прецизен. Во второто полувреме, Вардар тргна многу поофанзивно кон голот на гостите. Остоја Стјепановиќ во 52.минута се закани од слободен удар, но Коруновски успеа да го скроти неговиот шут. Голманот на Пелистер одлично интервенираше и девет минути подоцна при ударот од 16 метри на Јован Костовски, но не можеше да го спречи водството на Вардар во 65.минута. Стрелец беше Филип Петров, кој го постигна единствениот погодок и на првиот четвртфинален куп-натпревар во Битола. Овојпат Илиевски ја почна акцијата по десната страна, во неа учествуваа и Костовски и Стјепановиќ, кој одлично му асистираше на Петров, а младиот офанзивец од 14 метри успеа да го погоди спротивниот агол од голот на Пеце Коруновски. Претходно денеска пласман меѓу четирите најдобри најдобри екипи во Купот на Македонија обезбедија Шкендија, Силекс и Тетекс.

Нема коментара:
Постави коментар