Powered By Blogger

4. 11. 2012.

Битола изненадена, Пелистер лесно до победа

Победа и пораз за битолските клубови во ВИП Суперлигата во ракомет
Преспа - Пелистер 22:33

Во серија на последните 12 официјални меча меѓу Пелистер и Преспа победуваат битолчани. Така беше и овој пат. Во меч во кој бодовите беа однапред впишани, Пелистер не се ни испоти и во тим преполн со младинци стигна до победа од убедливи +11.
Зелените по двата порази од Тинекс Пролет и Зомимак М се „извадија„ и новата позитивна серија ја најавија од Ресен. Водени од одличниот Чурлевски, избраниците на Кире Поповски одиграа колку што е доволно да ја прокнижат 6 победа во 9 натпревари оваа сезона. Старните 0:4 со одлична одбрана и лесни голови најавија како ќе се одвиваат работите. Посебно расположени беа крилата на гостинската екипа кои постигнаа 11 гола во текот на мечот. Кога предноста стана двоцифрена, стручниот штаб на Пелистер им даде шанса на помладите и можеби тоа е причината што од 15 разликата се спушти на финални 11 гола во полза на Пелистер. В сабота следува сериозен тест во Куманово со екипата која одигра нерешено во првиот дел од шампионатот во Битола.

Битола - Текстилец 19:20 (11:11)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Војо Јосифовски и Бобан Мајнов (Скопје)
Делегат: Камел Металари (Скопје)

Битола:

Н. Ѓорѓиевски (9 одбрани), Б. Петковски (6 одбрани), Мојановски 2, Ф. Петковски, Димитровски 1, Јаневски 2, Георгиевски 3, Бојчевски, Босеовски 3, Митревски, Најдовски, А. Петковски, Трајковски 8, Мојсов

Исклучувања: 4 минути
Седмерци: 2/1

Текстилец:

Атанасов (14 одбрани), Зафиров (9 одбрани), Сенев, Мишев 2, Наков, Пенев 1, Гоговски 1, Савев 2, Пешовски 2, Јовановски 1, Ангелов, Попов 10, Гиневски, Бочковски, Сарашов 1


Исклучувања: 6 минути
Седмерци: 2/2

Ако планираа три бода од мечот со новиот суперлигаш Текстилец од Штип, ракометарите на Битола се излажаа во пресметките. Го загубија мечот во кој имаа повеќе од реални шанси за освојување на бод, па можеби и три. Избраниците на Босеовски добро почнаа и постојано имаа 1-2 гола предност. Но работите избегаа од контрола кога играта стана груба и во серија два пати Битола имаше по два исклучени ракометари. Тогаш Алексов и Тодоров го свртија резултатот во полза на штипјани. И покрај напорот на Георгиевски и пивотменот Трајковски, кои пак беа најдобри во таборот на Битола, поразот не можеше да се избегне. Штета за екипата на Босеовски зошто со евентуална победа ќе беше прескокната границата од 10 бода. Вака со 9 освоени бода Битола е на доброто 6 место, но ја очекуваат серија на тешки мечеви со поквалитетни противници.  

Нема коментара:

Постави коментар