ПО ПОСЛЕДНИТЕ
НЕГАТИВНИ РЕЗУЛТАТИ И ПЕЛИСТЕР И МЕТАЛУРГ САМО СО ПОБЕДА СЕ ДОБЛИЖУВААТ ДО
ЦЕЛТА ВО СЕЗОНАТА
Малкумина
очекуваа подвиг на пелистерци во Тетово кај силната екипата на Шкендија во
средата, но затоа во Битола Пелистер е сосема поинаква екипа. Ако во гости руши
негативни рекорди, во Битола зелените не загубиле официјален меч скоро една
година. Последен пат во Втората лига тимот на Еуромилк ги однесе сите три бода
од под Тумбе кафе со победата од 0:1, кога Пелистер го водеше Неџат Хусеин и
беше сменет со Марјан Секуловски веднаш по тој меч.
Сега тимот на Горазд Михајлов во Битола е рамноправен или подобар со сите ривали, па со таков нескриен отпимизам го чека доаѓањето на вицешампионот Металург на битолчанецот Ѓорѓи Христов. Минаа повеќе од еден месец од последната победа против Ренова и на Пелистер му недостигаат бодови за приклучок кон средината на табелата. Но ако во Тетово не отпатуваа Димитровски и Магловски тие двајца заедно со опоравениот Димче Ристевски ќе бидат во комбинација за неделниот меч. Нема да настапи само Христијан Драгарски кој е казнет по црвениот картон со Хоризонт Здравје, а неизвесен е настапот на Лескароски, чија што повреда е залечена. Во првиот дел од шампионатот скопските зелени минимално ги добија битолските со 1:0, играјќи долго време со човек помалку, заради исклучувањето на Драгарски.

„Со Металург секогаш сме играле
мотивирано. Паметам многу добри натпревари против оваа екипа. Ние и покрај
поразот од Шкендија го зацртавме овој натпревар како многу значаен и полагаме
надежи дека битолската публика ќе го види вистинскиот Пелистер. Конечно ќе
бидеме и комплетни и верувам дека ќе ја повториме играта од мечот со Ренова,
кога последен пат се радувавме. Влеговме во серија на тешки натпревари,но имаме
енергија и дома мора да добиваме, доколку сакаме нашето место на табелата на зимската
пауза да не биде алармантно„ ни рече искусниот Благојче Рутевски, кој се избори
за стандардно место во организацијата на играта по повредата на капитенот
Ристевски. За гостувањето на Металург стартниот тим останува голема
непознаница, бидејќи скоро на секое место повеќе фудбалери со подеднакви шанси
влегуваат со шанса за местото стартер.
Нема коментара:
Постави коментар