Powered By Blogger

9. 12. 2012.

Нов убедлив пораз на пелистерци на гостувањата

ЛИРИЈА, ПРЕГОЛЕМ ЗАЛАК ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ДА ЈА ПРЕКИНАТ НЕГАТИВНАТА СЕРИЈА ВО ШАМПИОНАТОТ
Лирија - Пелистер 100:66 (36:12, 22:19, 29:13, 13:22)

Во рамките на 7 коло од најсилната македонска кошаркарска лига, Пелистер загуби на гостувањето во Скопје кај Лирија.
Уште еден тежок пораз за избраниците на Благој Печалов, кои во последниот период успеаа да го ублажат убедливиот пораз. Најефикасен во победничката екипа беше Радуловиќ со 22 и Тасовски со 20 поени. Кај пелистерци Анакиевски постигна 17 и Баснарков 12 поени, но тоа воопшто не помогна во финалниот скор. 

Нема коментара:

Постави коментар