Прв домашен пораз за Пелистер во новата сезона
и незавидна ситиуација за битолчани пред зимската пауза
Пелистер - Металург 0:1 (0:0)
Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола.
Гледачи: 1.000
Главен судија: Петар Мантев (Неготино)
Асистенти:Илија Гонев (Неготино) и Гоце Недев
(Кавадарци)
Делегат: Ветон Кранлиевски (Ресен)
Стрелци: Стевановиќ во 74 минута за Металург
Жолти картони: А. Вељановски, Елмазовски,
Димитровски, С. Магловски, Главевски (Пелистер), Стевановиќ, Петковски,
Нестороски (Металург)
Црвени картони: нема
За
разлика од поројниот дожд минатата недела со Хоризонт Здравје, прекрасен сончев
ден ги дочека актерите на мечот во Битола вчера попладне. Пелистер без
казнетиот Драгарски, мораше да почне без недоволно залечените Ристевски и
Лескароски, кои останаа на клупата. И гостите со голем дисконтинуитет во игрите
и резултатите без Далчевски и Благојче Љамчевски дојдоа во Битола по целиот
плен. По првиот корнер на гостите, капитенот Миле Крстев се обиде од мртов агол
и ја погоди стативата од голот на Коруновски. Почетната иницијатива на гостите
донесе уште една шанса. Во 7 минута Аломеровиќ центрираше од левата страна,
Чурлинов добро биеше со глава за малку крај дирекот. Нова гужва пред Коруновски
предизвика третиот корнер на Стевановиќ, по кој битолчани снаодливо расчистија
во поле. Пелистер воспостави рамнотежа и 15 минути се играше меѓу два
шеснаесетника без зрели шанси за гол. По убавата акција на кратки пасови на
гостите, Стеванович изби пред Коруновски, но отиде премногу лево и од мртов
агол беше изблокиран. По половина час, фантастичен слалом на расположениот Томе
Китановски, кој биеше од 25 метри, топката погоди некого од гостите и ја
затресе мрежата лод надворешната страна. Две минути подоцна по убавиот продор
на Рутевски по десната страма, убаво центрираше, но Драговиќ стигна пред
Димитровски да расчисти. Мечот стануваше се подинамичен, па и скопјани преку
Аломеровиќ и Мазнов добро комбинираа, но Коруновски будно ја следеше акцијата и
со нога интервенираше пред напаѓачот на Металург. Во 40 минута, пак Рутевски во
центарот на вниманието. Неговиот удар од 25 метри од прекин, Павловиќ го одби
во удар од аголот. Во последните 3-4 минути од првото полувреме, Пелистер
изведе три последователни корнери, но одбраната на скпопските зелени, на чело
со Павловиќ немаше проблеми да ја отстрани опасности. Последната емоција пред одморот беше ударот на
Миле Крстев од голема далечина, кој Коруновски искусно го скроти.
Претпазливоста
да не се прими гол ги зафати двете екипи и на почетокот на второто полувреме,
па лесно се грешеше, а за удари кон головите на Коруновски и Павловиќ мораше да
се чека прекин. По нова серија на корнери, кои не донесоа резултат, Рутевски од
слободен удар бие млако по земја само да го „разбуди„ Павловиќ меѓу стативите. Гостите
од контранапад се заканија во 67 минута, кога Горан Мазнов добро центрираше од
десната страна, но Чурлинов за малку задоцни на пеналтикот. И кога сите
помислија дека Пелистер ќе нападне со влегувањето на Ристевски и Благојче
Марковски, стигна ладен туш под Тумбе кафе. Долгата топка на Драговиќ ја
прелета средината на теренот и стигна до Стевановиќ, а србинот од неколку метри
ја втурна топката во небранетата мрежа, крај совладаниот Коруновски. По
примениот гол, Пелистер повеќе со срце одколку со глава, се обидуваше да се
врати во мечот. Неколку гужви пред Павловиќ, донесоа полушанси за израмнување,
но одбраната на екипата на Христов одолеваше. Во меч во кој најреален исход
беше реми без голови, стравот да не се прими гол ги одбележа сите 90 минути под
Тумбе кафе. Но еден детал, една груба грешка во позиционирањето и во деконцентрацијата
на домашната одбрана, го реши победникот. Металург слави голема победа, а
Пелистер влезе во серија на лоши резултати и со само 1 бод од последните 4
натпревари, останува на 10 место на табелата, со ист број на бодови како Силекс. Лоша најава за
екипата на Горазд Михајлов пред куп дуелот со Вардар во среда.
Горазд Михајлов
(тренер на Пелистер)
Потфрливме на овој натпревар. Веројатно
психолошкиот притисок за важноста на натпреварот дополнително ги оптерети
фудбалерите. Штета што загубивме натпревар, во кој најреален исход беше
нерешениот. Една наша грешка и невнимание во второто полувреме, противникот ја
казни и не совлада. Имавме неколку мешаници пред Павловиќ, кои не ги
искористивме. Честитки за победата на Металург.
Ѓорѓи Христов
(тренер на Металург)
Мислам дека бевме поамбициозни од домаќинот.
На почетокот имавме две опасни ситуации, погодивме и статива, а Пелистер ни
создаваше проблеми при прекините. Во еден период без шанси, успеавме да дојдеме
до гол и го приведовме мечот кон крај. Честитки за Пелистер за безпрекорната
организација и коректниот натпревар.
Христов како
Костов, Бочевски...
Иако прв пат гостуваше во Битола
како тренер на противничка екипа, Ѓорѓи Христов веднаш поуспешен од својот
Пелистер. Со тоа продолжува традицијата, која вели дека многу често бивши фудбалери
на Пелистер, сега тренери на противнички екипи се кобни за пелистерци. По
Влатко Костов, кој често со Ренова го носеше целиот плен од под Тумбе кафе и
серијата на позитивни резултати на Драган Бочевски со Напредок во Битола, сега
редот е на младиот тренер Христов. Металург ја прекина серијата од лоши игри и
резултати, кога гостува кај Пелистер.
Прв домашен пораз
по една година
Ако победите на домашен терен се
главен адут на пелистерци веќе подолг период, прекината е уште една долга
серија. Цела една година од ноемвври минатата година, Тумбе кафе е „неосвоив„.
Последен пат во Втората лига, Еуромилк го совлада Пелистер во Битола со 0:1.
Тој пораз го чинеше тренерска смена Неџат Хусеин и беше заменет со Марјан
Секуловски.
Нема коментара:
Постави коментар