ТРЕНЕРСКА СМЕНА ВО БИТОЛА, СО МИЛЕ ДИМОВ ПАК НА КЛУПАТА НА
ЗЕЛЕНИТЕ ДО КРАЈОТ НА ФУДБАЛСКАТА ЕСЕН
Поразот
од Металург во неделата дефинитвно го втурна Пелистер во опасната зона и ако до
сега домашниот терен беше силен адут на пелистерци, сега и таа непобедливост по
една година се сруши. По денешниот тренинг воден од Михајлов, младиот тренер
заедно со клубската управа седнаа на заедничка маса да ја анализираат
ситуацијата во која западна битолскиот прволигаш.
Горазд Михајлов си поднесе оставка на помалку од половина година на клупата на зелените: „Мислам дека морален чин по лошите резултати е тренерот да замине. Финансиските проблеми посметаа нашиот проект до крај да биде завршен. Штета бидејќи мојата екипа на поголем дел од средбите играше рамноправно со скоро сите екипи во лигата. Сакам да им се заблагодарам на луѓето од управата на клубот, на Здравевски, Димов и Пресилски со кои имав одличен, коректен однос во ово период, на фудбалерите за нивната професионалност и на навивачите. Задоволство ми беше што бев дел од проектот Пелистер и уште еднаш жалам што не успеавме до крај да го вреднуваме неспорниот квалитет во оваа екипа„ ни рече Михајлов. Тој утре изутрина на тренингот ќе се поздрави со фудбалерите и ќе им посака среќа и успех во продолжение на сезоната. Бордот на директори најави дека деновиве ќе ја разгледа оставката и ќе се произнесе.

На местото на Михајлов доаѓа Миле
Димов како решение до крајот на сезоната. Во неговиот стручен штаб остануваат
Кире Стерјов и Ванчо Мицевски. Димов веќе утре ќе ја има првата средба со
фудбалерите, а ќе дебитира в среда во куп мечот со Вардар. И на крајот од минатата
сезона Миле Димов беше решение за завршницата на сезоната, кога Марјан
Секуловски замина за Мјанмар. Пелистер под Горазд Михајлов освои 12 бода, сите
на домашен терен, но загуби 4 од последните 5 средби. Слично како и Хусеин во
овој период минатата сезона, првиот домашен пораз во сезоната скапо го чинеше и
Михајлов. Веќе одамна Пелистер не истуркал цела една сезона со ист шеф на
стручниот штаб. Последен пат таков случај беше со Неџат Хусеин во сезоната
2007/08 кога Пелистер заврши на третото место во првенството.
Нема коментара:
Постави коментар