Powered By Blogger

12. 11. 2012.

Како и да играат пелистерци на гости губат

СЕДМИ ГОСТИНСКИ ПОРАЗ, ОВОЈ ПАТ ВО МЕЧ ВО КОЈ НА ТЕРЕНОТ ПОСТОЕШЕ САМО ЕДНА ЕКИПА. НО ИСТАТА ТАА ЕКИПА НА КРАЈОТ ЗАГУБИ
Веќе станува пракса и кога игра добро и кога игра лошо Пелистер да губи. Поразот во Штип посебно тешко им падна на зелените бидејќи слично како со Работнички во Скопје, Пелистер доминираше, креираше шанси, но и промашуваше.
Дури и не реализира пенал исто како со дебармаалци. Поуката од поразите се уште не ја извлекле ниту фудбалерите, а и ниту навивачите. Ситуацијата на табелата не е розова, бидејќи Пелистер не знае за победа од 23 септември и триумфот над Ренова од 3:1. Сепак на последните два меча откако екипата ја превзеде Миле Димов, Пелистер не само што не заслужи порази, туку во голем дел од средбите со Вардар за Купот и со Брегалница во првенството беше подобар ривал. Еден од фудбалерите кој влета во стартниот тим на последните средби е Благојче Марковски, кој во Штип беше заменет заради повреда.
                „Мислам дека поразот од Брегалница можеме да го окарактеризираме само како лоша среќа, лоша реализација и неоправдано досуден пенал. Игравме одлично прво полувреме, во кое можевме да дадеме повеќе од еден гол. Во текот на целиот натпревар не ризикувавме скоро ништо. Противникот немаше решение и на „давеникот„ рака му подадоа судиите. Од теренот беше видливо и од снимките се гледа дека нема прекршок за пенал на Брегалница, а и да го има тој е надвор од казнениот простор. Штета за нашето залагање, за добриот пристап во мечот, но кога не донесеш ниту бод по вакви мечеви, едноставно не снашле сите малери оваа сезона„ вели искусниот напаѓач.
                Во битолскиот табор уште сега размислуваат за важниот натпревар со Работнички, кој во договор на двата клуба ќе се игра в сабота, како Пелистер подобро би го подготвил реванш мечот од Купот со Вардар на 21 ноември. За мечот со Работнички се враќа Драган Димитровски, а се уште е казнет дефанзивецот Христијан Драгарски.

Милевски засилување во нападот на Пелистер

                Со само 12 постигнати гола на 13 средби Пелистер по Тетекс го има вториот најслаб напад во Првата лига. Затоа покрај Главевски, Димитровски, Б. Марковски и Н. Марковски, битолчани од наредната средба ќе бидат посилни за корпулентниот 28 годишен Дарко Милевски кој по неколку сезони минати во Шведска се враќа во Македонија. Милевски е дете на Пелистер, кој во нашата земја настапуваше уште за Цементарница, Работнички и Скопје, во Данска за Скјолд и во Шведска за Трелеборг и Велебит. За шведскиот третолигаш Велебит каде тренер е бившиот репрезентативец на оваа земја Теди Лучиќ, Милевски минатата сезона имаше 36 одиграни натпревари и 20 постигнати гола.  

Нема коментара:

Постави коментар