Powered By Blogger

22. 12. 2012.

Се чека одговорот од Канатларовски

ПО НЕДЕЛА НА ИСЧЕКУВАЊА, ДЕНЕС ЌЕ ДОЈДЕ ДО СРЕДБА НА ПЕЛИСТЕР СО ЕДИНСТВЕНИОТ ТРЕНЕРСКИ КАНДИДАТ – ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ
Денес е денот Д околу назначувањето на новиот шеф на стручниот штаб на Пелистер. Клубот си зацрта ургентно да го назначи новиот предводник и да нема шпекулации излезе со став дека прв на листата на желби е бившиот селектор и легенда на битолскиот клуб Драган Канатларовски.
Но заради патувањата на стручњакот надвор од Македонија, за денес е закажана средбата на Сашо Здравевски во името на клубот и Канатларовски околу можноста уште овој викенд да биде позната иднината на битолската клупа. Ќе му биде претставен проектот на долги стази, во кој приеоритет е опстанокот во тековниот шампионат, а потоа и надградба и на клубот и на екипата. Од спротската структура на клубот потврдуваат дека се уште немаат резервна варијанта, бидејќи се надеваат на позитивен исход на преговорите со Канатларовски. Бившиот репрезентативец и во два наврати селектор на нашата најдобра репрезентација е еден од ретките бивши битолски фудбалери кој се уште не го водел тимот од под Тумбе кафе. Со оглед на тоа што добро го познава амбиентот и во живо под Тумбе кафе ги следеше скоро сите домашни натпревари оваа сезона, запознат е со материјалот со кој „зелениот„ табор располага. Во случај да не дојде до заедничка соработка, бордот на директори на Пелистер итно ќе побара друга опција, иако владее умерен оптимизам околу ангажманот на Канатларовски. Во последните 4-5 сезони клупата на Пелистер се покажа како крајно нестабилна, па последен пат кога еден стручњак цела сезона го задржа своето работно место беше Неџат Хусеин пред пет сезони. Од тогаш се менуваа Љамчевски, Мацков, Цветановски (в.д. решение), Хусеин, Секуловски, Димов (в.д. решение) и Михајлов.


Нема коментара:

Постави коментар