По неколку
негативни резултати, Пелистер по бодовите од Ресен, донесе цел плен и од Штип
Текстилец -
Пелистер 20:23 (11:15)
Вистински Суперлигашки дуел се одигра во неделата во салата на ОУ „Тошо Арсов„ во Штип. Ракометарите на Текстилец крајно мотивирани влегоа во
овој натпревар и без респект му се спротивставија на големиот Пелистер.
Натпреварот беше изедначен во поголемиот дел од првото полувреме, но малиот пад во играта на Текстилец при крајот на првото полувреме многу вешто го искористија ракометарите на Пелистер за да заминат на полувреме со резултат 11-15. Пелистер искусно ја оддржуваше позитивата се до 50-тата минута кога Текстилец влезе во свој ритам. Понесени од одбраните на одличниот голман Виктор Зафиров, штипјани почнаа да ја намалуваат предноста на Пелистер. Вистински трилер се одвиваше на 4 минути до крајот на натпреварот, кога Текстилец успеа да се врати на -1 гол негатива (18-19), а воедно и имаше напад за изедначување на резултатот. Во тие моменти се водеше вистинска битка на теренот, пожртвувано се одеше за секоја топка. Но во тој момент среќата му го сврте грбот на Текстилец за да направи целосен пресврт на натпреварот. Поискусната екипа на Пелистер брзо постигна гол при што веќе можеше и да се насети кој ќе биде победник на овој натпревар. Јунако на мечот беше младиот Христијан Костовски со 8 гола од исто толку обиди. Одличен беше и Тоскоски со 15 одбрани. Овој натпревар го одбележа и преполната сала, и одличната атмосфера која ја создадоа навивачите на „Фалага“. Овој пораз за Текстилец нека биде мотив повеќе за играчите за подобри игри во следните натпревари, а сличен е резонот и за битолчани. Со пожртвуваната игра и одличната публика Текстилец докажува дека во Штип лесно не се освојуваат бодови.

Нема коментара:
Постави коментар