Powered By Blogger

13. 12. 2012.

Нов тренер - главен приоритет за „зелените„

ВО ПЕЛИСТЕР ГЛАВНА ЦЕЛ ШТО ПОБРЗО ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ
Утре фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер ќе го имаат последниот состанок за 2012 година на кој ќе ги догововарт деталите околу почетокот на подготовките за пролетниот дел и плановите за фудбалската пролет.
Тренерот Миле Димов планираше екипата на тренира цела оваа и наредната недела, но снегот и температурите до -19 степени под нулата не дозволуваат такво нешто. Затоа главно активности на клубската управа ќе бидат да се завршат најбитните обврски за втората половина од сезоната. До крајот на оваа година општина Битола треба да ја донесе и изгласа програмата за спорт и култура, од која во многу нешта зависат плановите на фудбалскиот клуб. Приоритет е доведувањето на шеф на стручниот штаб, кој најверојатно ќе биде назначен во наредните две недели. Дури потоа ќе бидат составена трансфер листата и ќе бидат доведени засилувањата. Во овој момент нема ниту фаворити ниту аутсајдери во трката, а не се издвојува ниту едно име во кулоарите блиски до клубот. По планот на спортската структура на клубот, на Пелистер му се потребни 4 врвни засилувања, по едно во одбраната и нападот и две во средниот ред. Дури потоа ќе се знае каде Пелистер ќе се подготвува во фебруари, со оглед на долгата и студена зима во Битола, која ако се повтори минатата година, силно ќе ги лимитира можностите за добри подготовки. Од таборот на битолчани единствено репрезентативецот Томе Китановски и натаму е во тренажен процес со групата на конторлниот меч со Полска во Анталија

Нема коментара:

Постави коментар