Powered By Blogger

10. 12. 2012.

Снегот ги праќа пелистерци на одмор

ПО ОСВОЕНИОТ БОД ВО ТЕТОВО, ПЕЛИСТЕР СО ПОВЕЌЕ ВЕДРИНА ГЛЕДА НА СВОЈАТА ФУДБАЛСКА ПРОЛЕТ
Требаше да минат девет гостувања за фудбалерите на Пелистер да останат непоразени кога играат надвор од Битола. Ремито против Ренова не носи значителен прогрес на првенствената табела, но може многу да значи околу моралот на екипата за пролетните натпревари. До тогаш многу работи ќе се сменат кај битолскиот прволигаш.
Иако утре е  предвидено да се продолжи тренажниот процес, заради лошите временски услови, ниските температури и снегот нема да се тренира, а деновиве ќе се знае планот до крајот на годината.
На сцена треба да стапи клубската управа и главниот акционер на клубот, општина Битола околу многу бројните проекти кои Пелистер најави дека ќе ги реализира во наредните 30-40 дена. Приоритет е комплетирањето на најавениот буџет, кој ќе биде многу побогат одколку оваа есен. Треба да биде наименуван нов тренер, да бидат доведени квалитетни засилувања и да бидат дефинирани подготовки за екипата спремна да ја дочека пролетта, почнувајќи од „вечното дерби„ со Вардар во март. Деновиве ќе се знаат и деталите околу тоа на кои позиции Пелистер има потреба од нови фудбалери и кои се прекубројните кои ќе се најдат на трансфер листата. Радува активноста на општината и градоначаникот кои ветија и еден терен со вештачка трева и обеќаа дека кога ќе биде направен проектот и подоцна реновиран стадионот под Тумбе кафе, дека градот ги има на располагање рефлекторите од стадионот „Филип втори„ во Скопје и ќе може да ги инсталира на новиот Тумбе кафе.   

Нема коментара:

Постави коментар