Powered By Blogger

2. 12. 2012.

Победа за опстанок на Битола

ВТОР ПАТ ОВАА СЕЗОНА, БИТОЛА ЈА ДОБИ ПРЕСПА ВО НАТПРЕВАР ЗА БОДОВИ И НАЈАВИ МИРНА РАКОМЕТНА ПРОЛЕТ ЗА КЛУБОТ
Битола - Преспа 27:24 (11:13)

Спортска сала Младост  - „Битола„ Гледачи: 500
Судии: Мирче Јанев и Никола Вељанов (Неготино)
Делегат: Бранко Вељанов (Неготино)

Битола:
Н. Ѓорѓиевски (2 одбрани), Б. Петковски (12 одбрани) Ф. Петковски, Јаневски, Т.Георгиевски 10 , Бојчевски 1, Босеовски 3, Талевски, Х. Митревски 1, Најдовски 3, А. Петковски, С. Димитровски, Наумовски, Трајковски 4, Мојсов 5

Исклучувања:  12 минути
Седмерци:  3/3

Преспа:
Трајановски (10 одбрани), Бочировски 11, Недановски, Петревски 6, Симовски, Андоновски, Василевски 3, Георгиевски 1, Лероски, Јошевски, Мешуревски, Д. Георгиевски 2, Башевски 1

Исклучувања: 10 минути
Седмерци:  6/5

                Шестата победа во сезоната, ракометарите на Битола ја издвојуваа на многу потежок начин од очекувањата. Последно пласираната екипа на Преспа, иако дојде без ниту еден бод во Битола, одигра достоинствен меч и ако беше малку поискусна можеше да стигне и до подвиг. Долго време ресенчани водеа на крилата на најдобриот нивни играч Бочировски, кој постигна 9 гола во текот на целиот натпревар. По 5:5 во 11 минута, гостите постојано водеа, на два пати и со три разлика. Но Бојан Петковски се разбрани, на крајот собра 14 интервенции и го врати тимот во игра. По мини-серијата на Томе Георгиевски во 46 минута, Битола израмни на 20:20. Леворакиот шутер кај Битола влезе во елемент, ја превзеде одговорноста во финишот и со уште три гола во 11 минути го реши прашањето на победникот. На крајот Георгиевски имаше 10 гола, а екипата на Петко Босеовски стигна до втора победа оваа сезона над комшијата од Ресен. Со тоа Битола ги заврши домашните натпревари во 2012 година и уште сега може да потврди дека и наредната сезона ќе игра во ВИП Супер лигата. Присуството на Преспа во лигата и на уште 2-3 екипи со сличен или послаб квалитет како Битола, му дозволува на тимот на Босеовски без притисок да ја игра цела ракометна пролет.   

Нема коментара:

Постави коментар