НАВИВАЧКАТА ГРУПА
„ЧКЕМБАРИ„ И СИТЕ ВИСТИНСКИ БИТОЛСКИ ВЉУБЕНИЦИ ВО СПОРТОТ ТАГУВААТ ЗА ЕДНА
ГОЛЕМА ЗАГУБА
Тажни денови за битолскиот спорт
и за навивачката група „Чкембари„ Ненандејно во својот дом почина 42 годишниот
Атанас Смилков „Кенан„ - еден од основачите на навивачката група и
основоположник на навивачкото движење во Битола и низ целата држава.
„Кенен„ беше дел од експедицијата која во 1985 година за прв пат обединето го бодреше РК Пелистер на историскиот натпревар со Партизан Бјеловар. Токму тој меч важи за почеток на постоењето на навивачката група „Чкембари„ која пред неколку месеци прослави 27 години од своето постоење. Битолската навивачка група е најстара и една од најорганизираните во Македонија, а за пасијата и љубовта кон клубовите кои го носат името Пелистер нема конкуренција. „Кенан„ со иста страст можеше да се види под Тумбе кафе и во спортската сала „Младост„ во последно време со транспарентите „Ветерани„. Тој е најзаслужен за серија на навивачки песни кои засекогаш ќе ги пее армијата битолски навивачи, за серија на иницијативи, а малкумина можат да се пофалат со толку голем број натпревари на својот тим, но и на европски натпревари како него. „Кенан„ во последните две години работеше и како комесар за безбедност во ФК Пелистер на домашните натпревари и важи за голем професионалец и во оваа улога. Препознатлив е како голем локелпатриот, другар, семеен човек и татко. Неговите карактеристики веќе му недостигаат на битолчани.

Вечна му слава...
Нема коментара:
Постави коментар