Само во првото
полувреме Пелистер му беше колку-толку рамноправен на силната екипа на Фени
Индустри
Пелистер - Фени
Индустри 74:100
По повеќе од една година,
љубителите на кошарката во Битола имаа можност да гледаат прволигашката
кошарка. Иако со скромен играчки кадар, дури и нешто полош од оној кој ја
избори промоцијата, Пелистер одигра достоинствен меч со многу поквалитетнатан
екипа на Фени Индустри.
И како по обичај во ваквите мечеви, првото полувреме беше израмнето а во второто разликата во квалитет која е видлива излезе на површина. Во првите 20 минути предноста на кавадарчани се менуваше меѓу 8 и 14 разлика. Под диригентската палка на Горан Самарџиев, првакот од пред две сезони се одлепи најнапред на 2:10, па потоа на 12:21. Одлично играа српските интернационалци Кнежевиќ и Братиќ, а кај битолчани капитенот Петковски пак беше клучниот човек. На полувреме зелените доцнеа 17 поени и малкумина веруваа дека мечот може да влезе во драматична завршница.

Во вториот дел очекувањата се
остварија и Фени Инсдустри не само што убедливо победи, туку стигна и до 100
поени. Со многу поквалитетни противници како тимот на Емил Рајковиќ, битолчани
нема што да бараат во понатамошниот тек на сезоната. Квалитетот е преголем за
да има простор за изненадување. Сепак спортски е да се игра натпревар по
натпревар и да се бара шанса за добра презентација и афирмација на млади
кошаркари. Куриозитет е тоа што во спортската страна „Младост„ се појавија
гостинските навивачи Лозари и заедно со домашната публика се забавуваа во шоуто
на портокаловите.
Нема коментара:
Постави коментар