Нов блесок на
најдобрата битолска спортистка и „златната„ од Лондон, Оливера Наковска -
Бикола
Македонската натпреварувачка во стрелаштво Оливера Наковска
- Бикова на вчера одржаниот натпревар „Гран при” на Белград, во
квалификациите стрелаше 382 кругови со
што го подобри сопствениот македонски рекорд по четврти пат. Претходниот ден
таа го изедначи стариот македонски рекорд кој, исто така беше во нејзино
владение и изнесуваше 381 круга.
Новиот рекорд ја однесе Наковска - Бикова во финалето како шестопласирана, а на крајот, по истреланите 10 истрели од финалната серија во која имаше еден „кикс“ го освои 8. место во конкуренција на 38 спортистки. „Ова е највисокиот пласман на Оливера Наковска - Бикова во настап на натпревари во организација на ИССФ (Меѓународната стрелачка Федерација) и уште една потврда за високата тренажна форма во која се наоѓа. Најавите дека имаме амбиции да настапиме на Олимписките игри во Рио 2016 таа докажува дека не се нереални. Поставен е нов македонски рекорд по подолго време и сметам дека веќе во наредната година Оливера ќе биде подготвена да постави нови граници во спортското стрелаштво“, изјави нејзиниот тренер Бранимир Јовановски. Првото место го освои Бобана Величковиќ од Србија со 485,6 (387) кругови, второто Зорана Аруновиќ од Србија со 483,3 (384) кругови, а третото Јасна Шекариќ со 483,2 (385) кругови.

Нема коментара:
Постави коментар