Шкендија -
Пелистер 3:1 (3:1)
Шкендија откако бодовно го стигна Вардар во минатото коло, уште во првиот дел го реши Пелистер, иако битолчани дури и први победоа по осум минути игра и водството преку Благојче Главески.
Артим Положани во 22-та минута го врати тетовскиот тим во игра, а за три минути набрзина пред крајот на полувремето Ндерим Неџипи (42) и Музафер Ејупи (45) направија комплетен пресврт и обезбедија нова победа за тетовци. Вистински хит досега е кичевски Напредок кој со 2-0 ја победи Ренова за стоотстотен ефект досега на домашен терен во шест меча, а со триумфот денеска кичевци успеаа да се искачат на четвртото место на табелата. Освен Напредок, само уште Шкендија има максимален ефект од шест победи во шест меча на домашен терен. Вардар со 2-0 го победи Работнички во соседското дерби на „Борис Трајковски“ во населба Маџари, што беше четврта победа во последните пет меѓусебни дуели за вардарци. Иако одново не блескаа, избраниците на Боби Милевски успеаа да искористат две шанси и да ги освојат бодовите со што ставија точка на серијата од три меча без победа. Вардар и Работнички одиграа бледо прво полувреме, но Вардар навреме го отвори мечот преку Шпанецот Хорхе Хименез на самиот старт на вториот дел (49. минута), а Јован Костовски во 76-та минута го зголеми водството за триумф на Вардар.

Нема коментара:
Постави коментар