Како и на
претходните мечеви надвор од Битола, пораз без постигнат гол за Пелистер во
Кичево
Напредок -
Пелистер 1:0 (0:0)
Табуто од гостувањата за
фудбалерите на Пелистер продожува и по мечот во Кичево. Зелените заминаа со
големи амбиции и очекувања, но како и секогаш оваа сезона се вратија со
наведнати глави.
Голот на Цветаноски во 73 минута беше одлучувачки фактор за нова победа на кичевчани, со што тие ги најавуваат европските амбиции, а Пелистер се повеќе тоне. Во не многу квалитетен натпревар, во кој вистинска реткост беше да се види зрела шанса за гол, Напредок подобро го почна мечот, но екипата на Димов од 15 минута комплетно воспостави рамнотежа во играта. Главевски во 32 и Ристевски во 41 минута имаа две полушанси за битолчани, но Горан Пашовски остана без интервенција.

Инерцијата на натпреварот водеше
кон реми без голови, но на 17 минути до крајот домаќините преку снаодливоста на
Цветаноски и по грешката на одбраната и Коруновски се радуваат на нова победа,
втора по ред по онаа во Кратово во претходното коло. Единствена позитивна вест
за зелените е поразот на Силекс од Тетекс во Тетово со што дистанцата со
кратовчани останува 3 бода во полза на Пелистер. В недела на 2 декември од 13
часот под Тумбе кафе гостува фенерџијата Тетекс, а тоа е последниот домашен
натпревар за битолчани пред зимската пауза. Потоа следува уште гостувањето под
Шара против Ренова и скоро три месеци пауза до пролетниот дел. Очајнички се
потребни што е можно повеќе бодови во последните 180 минути за нешто помирна
зима во фудбалска Битола.
Нема коментара:
Постави коментар