Powered By Blogger

30. 11. 2012.

Трите бода единствена цел за пелистерци

БЕЗ РАЗЛИКА КАКО ИГРААТ, ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ЗНААТ ДЕКА ПРОТИВ ТЕТЕКС МОРА ДА СЛАВАТ ЗА ДА ПРЕЗИМАТ ПОДАЛЕКУ ОД ДНОТО
По една комплетно мирна недела во која фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер имаа доволно време за анализа на претходните средби и подговотка за наредната, дојде време и за последната официјална средба под Тумбе кафе оваа гофина.
Последно пласираниот Тетекс е утрешниот ривал во врнежливиот амбиент деновиве во Битола. За прв пат оваа есен без Благојче Главевски, кој заедно со Стефан Магловски нема да настапат заради акумулација на жолти картони, екипата на Димов ќе мора да се справи со фаворитската улога против „штофарите„. Одличната статистика на домашни мечеви со Тетекс е една од ведрите информации пред овој меч. Битолчани знаат дека бодовите се приоритет, а малку е важно како ќе се стигне до нив, бидејќи ситуацијата на првенствената табела не е „розова„. Марко Павлов ќе го заземе местото на Магловски во средниот ред, а Димитровски ќе го предводи нападот во одсуство на Главевски.
                „Само победа е нашата цел за овој меч. Веќе загубивме премногу бодови на мечеви на кои игравме допадливо, но ни недостигаше постигнат гол. Мислам дека треба да им се оддолжиме на нашите навивачи кои не следат на сите средби со победа, која ќе најави подобра пролет за нашиот клуб. Ниту Тетекс не е играчки така лоша екипа како што покажува табелата, но ова е чудно првенство во кое на секој натпревар, секој резултат е можен. Ништо освен победа не ни паѓа на памет за неделниот меч„ ни рече во пресрет на средбата Христијан Драгарски.
                Во првиот дел од шампионатот Пелистер загуби во Тетово со 2:0, играјќи прескромно за своите можности. Зелените веруваат дека по мечевите со Тетекс и Ренова ќе бидат поблиску до Работнички и Ренова, одколку до Силекс и Тетекс.

Нема коментара:

Постави коментар